27 Април, 2024
0.0289

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 120 заразени, кампањата тече, Заев и Ахмети си разменија остри зборови

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

ЗА 24 ЧАСА ИМАМЕ 120 НОВИ ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Откако вчера се израдувавме на помалите бројки на новозаразени, денеска повторно е зголемен нивниот број. Има дури 120 заболени, а починати се пет лица. 

Во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во, објави министерот за здравство венко Филипче. 

Новозаболените се од следниве градови.

-Скопје 63
-Куманово 4
-Дебар 6
-Штип 4
-Прилеп 2
-Тетово 14
-Струга 6
-Велес 2
-Битола 1
-Охрид 4
-Гостивар 12
-Свети Николе 1
-Кичево 1

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од:

-Скопје 82
-Штип 1
-Тетово 30
-Струга 2
-Битола 2
-Гостивар 2
-Кочани 4
-Пехчево 1
-Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

ЗАЕВ И АХМЕТИ СИ РАЗМЕНИЈА ОСТРИ ЗБОРОВИ

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, на своето последно телевизиско интервју за претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека во последно време често ја критикува неговата партија затоа што „пие две-три чаши ракија пред митинг“.

“Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Друго зборува по митинзи, друго мене ми кажува на состанок”, рече Ахмети како гостин во албанската телевизија Сури ТВ, одговарајќи на прашањето на водителот зошто Интегративците во последно време се постојано на удар од страна на поранешниот премиер.

ДУИ пред кампањата за парламентарните избори на 15 јули ја лансираше идејата за прв Албанец премиер на Македонија, а Заев на тоа одговори дека за оваа партија подобро е одредено време да биде опозиција.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прашање на ТВ21 како ја коментира изјавата на неговиот досегашен коалиционен партнер, Али Ахмети дека пиел ракија пред митинг, а потоа се каел за кажаното тој вели:

„Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. Промашил комплетно. Значи Зоран Заев може со македонско вино, домaшна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил, никогаш не сум бил пијан во животот“, рече Заев.

СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ФИЛИПЧЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО НА ПАРТИСКИ НАСТАН

Државната комисија за антикорупција утврди дека Венко Филипче, министерот за здравство, со возило донирано од Кина учествувал на партиски собир на СДСМ и коалицијата во Штип. 

Приговорот на ВМРО-ДПМНЕ се прифаќа со мерка барање одговорност што во рок од 15 дена ќе се достави до Владата, од која ќе се бара иницијатива за утврдување на одговорност од министерот за здравство

Mинистерот за здравство, Венко Филипче во врска со приговорот на ВМРО-ДПМНЕ до Државната комисија за спречување на корупција за негова наводна злоупотреба на службено возило на Министерството за здравство за партиски цели во Штип на 28 јуни, ја информира јавноста дека на тој датум бил во посета на штипската болница која од почетокот на корона кризата функционира како регионален ковид центар, а посетил и една градинка во градот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Новото туристичко лого со кое Македонија требаше да се ребрендира до крајот на изминатата година, се уште не е завршено, додека новите промотивни кампањи кои подолго време се најавуваат ќе чекаат нов владин мандат.

Граѓаните кои планираат да заминат на одмор на некое од нашите езера, или, пак, ако имаме среќа да не „пуштат“ и на море, не треба воопшто да се грижат доколку пливаат во езерската или во морската вода, бидејќи коронавирусот не може да се пренесе на таков начин. За капење и пливање се безбедни и базените во кои има хлор. 

По повеќемесечна борба со корона вирусот, научниците во светот прават студии и анализи за подобрување на имунолошкиот систем кај луѓето, во очекување на развој и масовна дистрибуција на вакцината против Ковид-19.

Поради пандемијата на Ковид -19, овоштарите во Ресен и Преспа се плашат дека нема да можат да најдат сезонци за берба на јаболка.

Кои бизниси ги вртат најголемите пари во Битола и кои се најпрофитабилните дејности во најголемиот град во југозападна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“