19 Април, 2024
0.0281

Кои се битолските милионери?

Објавено во: Економија 07 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Кои бизниси ги вртат најголемите пари во Битола и кои се најпрофитабилните дејности во најголемиот град во југозападна Македонија. Битола, градот на конузлите, најголемата македонска житница, најголемиот производител на струја,  а порано единствен и најголем конкурент на Скопје (по осамостојувањето на Македонија). Низ годините работите и економските прилики се менуваат. За некого на подобро за друг не баш на добро. Како и да е Битола повеќе не е индустриски центар како што бил, а веќе ниту од далеку не е ниту економски ниту политички ривал на Скопје. Но уште Битола е неприкосновена како најголем производител на струја од трите блока на РЕК Битола што всушност е и основата на битолската макро економија. Воедно Битола како најголемиот град на Пелагонија останува центар на најголемата македонска житница.

„Фактор“ направи истражување за тоа кои се најпрофитабилните и кои се најголемите битолски бизниси за 2019 година. Како праг на профитабилност ја земавме границата од најмалку половина милион евра профит за 2019 година, а како параметар за најголеми (приход за 2019 година) од најмалку десет милиони евра. Искрено резултатите се изненадија. Затоа што трите најпрофитабилни фирми се од областите на кредитно посредување, компјутерско програмирање и трговија на големо....

Најпрофитабилна битолска фирма за 2019 година (учество на профит од вкупен приход) е ФД ДП друштво регистрирано за дејности на друго кредитно посредување (поконкретно: одобрување кредити, факторинг и издавање гаранции). Ова друштво чиј сопственик е фирмата СВ Инвест на Стојан Чифлигароски за лани има профит од 613.000 евра од вкупните приходи кои изнесуваат 700.000 евра. Друштвото ФД ДП лани има профитна маргина од 87,5 отсто и е неприкосновено најпрофитабилната битолска фирма.

Втора најпрофитабилна битолска компанија е Бутринт ТББ фирма регистрирана за трговија на големо сопственост на Фатмир Буши. Ова друштво лани остварило приходи од 4,7 милиони евра што е за 2 пати повеќе од претходната година и од нив како профит му останале 2,1 милиони евра што е раст за 57 отсто во однос на 2018 година. Профитната маргина на Бутринт ТББ е 45 отсто од приходот.

Трета најпрофитабилна битолска компанија е најпрофитабилната домашно поседувана компанија за компјутерско програмирање Интерворкс сопственост на Фанија Мемца. Ова друштво кое најмногу работи за извоз лани остварило профитна маргина од 38 отсто затоа што неговиот приход бил 5 милиони евра, а остварената добивка е 1,9 милиони евра и е за 10 отсто повисок од лани.

Кои се битолски компании со најголеми профити лани?

Според остварена добивка најголем профит лани има, очекувано, странската инвестиција „Кромберт и Шуберт“ и таа изнесува 4,3 милиони евра и е за 12 отсто поголема од 2018 година. Приходите на оваа компанија , дел од глобалната автомобиска индустрија, се неприкосновено најголеми и изнесуваат 248,3 милиони евра.

Втора на листата со најголема добивка е битолска Млекара која лани остварила профит од 2,9 милиони евра што е за 30 отсто подобар резултат од 2018 година. Приходите на оваа голема битолска фирма лани изнесувале 48 милиони евра и бележат раст од 25 отсто во споредба со претходната година.

Градежната компанија Марковски компани лани имала година за паметење. Нејзините приходи лани достигнале 10 милиони евра што е за 70 отсто повеќе од претходната година, а добивката достигнала 2,7 милиони евра и пораснала за 6 пати во однос на 2018 година.

Уште една битолска компанија од градежниот сектор имала фантастична година. Тоа е фирмата сопственик на најпрофитабилната компанија за кредитно посредување ФД ДП. Станува збор за СВ Инвест фирма чија дејност е подготвителни работи за на градилиште. Лани нејзиниот приход изнесува 10,3 милиони евра и расте за 55 отсто во однос на претходната година, а добивката достигнала 2,5 милиони евра што е за 3 пати повеќе од претходната година.

ЕРИ Цорпоратионе друштво со доминантен странски капитал чија дејност е обработка на метали, во кој сопственици односно содружници се пет физички лица од кои италијанскиот претприемач Умберто Фиорентини со мнозински и доминантен удел истовремено е и управител на ЕРИ цорпоратион ДОО Битола и главен извршен директор на групацијата ЕРИ. Малцински удели поседуваат Пецо, Борче и Зоран Талевски и Митко Кокиноски.  Лани оваа фирма остварила приход од 11,4 милиони евра и добивка од 2,5 милиони евра што е три пати подобар резултат од 2018 година.

Гасната централа на ЗИК Пелагонија Пелагонија Енерџи Логоварди лани исто така имала успешна деловна година. Приходите се 9,6 милиони евра, а профитот е 2,1 милиони евра. Профитната маргина на ова друштво лани била 22 отсто.

Во ова друштво е и најголемиот македонски производител на сладоледи „Цермат“. Лани неговата добивка изнесува 1,8 милиони евра од приходите кои изнесувале 12,8 милиони евра.

Како било лани прочитајте на следниов линк https://faktor.mk/koi-se-naj-babam-vo-bitola

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји