07 Мај, 2024
0.0256

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

Објавено во: Македонија 26 Април, 2024

Добивај вести на Viber

КОВАЧЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА НЕ СЕ СПРЕМА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека не повикувaaт на бојкот, туку на масовно гласање за претседател и нов парламент.

Ковачевски ги повика сите граѓани масовно да излезат на гласање на 8 мај за вториот круг претседателски и за парламентарните избори и негира дека СДСМ и ДУИ договараат бојкот на изборите. 

„Тоа не е точно. Ги повикувам сите гласачи масовно да излезат на изборите на 8 мај и да го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и коалицијата За европска иднина на парламентарните избори. Без исклучок да имаме масовен одѕив, да избереме и претседател и парламентарен состав и Македонија да продолжи на својот пат на европските интеграции“, рече Ковачевски.

ПОВТОРНО ПРОБЛЕМИ НА ТОКСИКОЛОГИЈА

Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.

Тој кажа дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

„Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не“, изјави Демири.

Синоќа пукнала парна цевка на Клиниката за токсикологија при Клинички центар и час и половина течела вода од радијаторот, по што просториите на третиот кат биле поплавени, но водата продолжила да тече надолу кон подрумот. 

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПОРАЧА ДЕКА НЕ СМЕАТ ДА СЕ ОТКАЖАТ

По завршувањето на првиот круг од претседателските избори кога кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ освои убедливо повеќе гласови од кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку фејсбук испрати порака дека неговата партија не смее да се откаже.

„Не ни личи нам од СДСМ да застанеме и да не се бориме, не застанавме кога зависеше дали ќе останеме живи на 27 април, останавме цврсти, успеавме да го срушиме режимот.

Одговорноста на СДСМ е дотолку поглема да направиме се’ да не ги разочараме идеалите и да не ги напуштиме идеалите на нашите предци, оние кои се вградени во темелите на современата македонска држава. И, точно е дека оваа држава е создадена на телемите на Народноослободителната борба и на борбата на партизаните, и тоа никогаш не смее да го заборавиме и никој никогаш нема да биде поголем чувар од СДСМ за овие вредности.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во македонските пчеларници сè почесто има засадени дрвца пауловнија, затоа што се медоносни и корисни за пчелните семејства.

Сопствениците на „Флекс кредит“, најголемото финансиско друштво за брзи кредити во Македонија, одлучиле да формираат и Агенција за наплата на долгови, или заостанати побарувања за клиенти од различни сектори - телекомуникациски сектор, банкарски сектор, комунални претпријатија и останати приватни компании.

Голем недвижен имот изграден во селото Косел, Охрид вреден над 600 илјади евра се нуди на продажба преку наша комерцијална банка.

И Стопанска банка Битола потврдува дека се рагледува можноста за присоединување на оваа наша банка кон Комерцијална банка.

Намерите се навеистина сериозни, стартува процедурата за евентуално присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка. 

Ако нешто не е воопшто за изненадување, тоа е дека македонските банки продолжуваат да имаат одлични финансиски резултати. Така е и во првиот квартал од оваа година.

Можеби ќе ве интересира

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена