20 Април, 2024
0.0268

Антикорупциска ќе бара одговорност од Филипче: Возел дониран автомобил од Кина на партиски настан

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Државната комисија за антикорупција утврди дека Венко Филипче, министерот за здравство, со возило донирано од Кина учествувал на партиски собир на СДСМ и коалицијата во Штип. Приговорот на ВМРО-ДПМНЕ се прифаќа со мерка барање одговорност што во рок од 15 дена ќе се достави до Владата, од која ќе се бара иницијатива за утврдување на одговорност од министерот за здравство

Возилото претходно било во сопственост на Агенција за разузнавање, но по препораките од НАТО дека треба да внимава и да се ослободи од донации од „држави од ризик“, патничкото моторно возило е отстапено на Министерството за здравство со договор од 03.04.2020. Агенцијата на министерството му го отстапил автомобилот со скопска регистарска табличка на една година.

- Наведеното возило веќе го користи министерството и било користено во Штип на настан на СДСМ и коалицијата. ДКСДК на ден 06.07.2020 се обрати до министерството и од таму ни беше кажано дека возилото било користено од министерот на 28.06.2020 на промовирањето на програмата „Можеме“ во Штип. Од министерот ни беше кажано дека имал работни задачи од своја надлежност, но и учествувал во промоција на програмата „Можеме“, беше констатирано на денешната седница на ДКСК.

Антикорупциска утврдила дека на настанот во Штип немало агенти со службеното возило. 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите