15 Мај, 2024
0.0302

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Koроната зема уште една жртва, а за неносење маска ќе се казнува од 1 мај

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Април, 2020

Добивај вести на Viber

КОРОНАВИРУСОТ ОДНЕСЕ УШТЕ ЕДЕН ЖИВОТ

Денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти, вели министерот за здравство, Венко Филипче. 

Починал еден пациент на возраст од 80 години. 

Потврдени се 26 нови случаи во последните 24 часа. Сега имаме 1.326 потврдени случаи на Ковид 19 во Македонија. 

Како донација од ЕУ стигнаа 12 респиратори, и голем број заштитни маски. 

„Ќе бидат распределени на Инфективната клиника и во болницата „8-ми Септември“, рече министерот. 

Филипче за Дебар вели дека подолго време состојбата е стабилна и нема нови случаи. 

Тоа било основа за старт на скринингот. 

ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКИ КАЗНИ ОД 1 МАЈ

Од вчера е задолжително нсењето маски, но се до крајот на овој месец граѓаните што не ја почитуваат мерката нема да ги плаќаат предвидените казни од 20 евра, туку ќе бидат само опоменувани.

Казните за граѓаните ќе стартуваат од Први мај. 

Дали ова значи дека има шанси од Први мај граѓаните целосно да се ослободат од Полицискиот час, ќе кажат надлежните. 

Сега засега рестриктривните мерки се олабавени, па преку недела, наместо од 16, полицискиот час стартува од 19 часот, додека во викендите, почнува од сабота од 15 часот.

Инаку, граѓаните како заштитна опрема може да користат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично, кои ќе  овозможат прекин на преносот на вирусот.

ВЛАДАТА НАБАВУВА МАСКИ

Владата jавен повик за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од коронавирусот КОВИД – 19 за време на вонредната состојба. Согласно повикот, маските треба да бидат повеќекратно употребливи, изработени од 100 отсто памук.

Право на учество во Јавниот повик имаат сите домашни производители кои ќе можат да испорачаат најмалку 2.000 маски дневно, испораката да се врши за период на траење на вонредната состојба, на различни локации во Скопје, а единечната цена по маска да изнесува максимум 40 денари, плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал за изработка во сопственост на економскиот оператор. 

Единечната цена по маска да изнесува максимум 25 денари, плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал обезбеден од страна на Владата на Република Северна Македонија. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во охридско и струшко, поделени се откази на луѓето кои работеле во кафулиња и ресторани, а во хотелите многу помалку.

Очекувањата се дека Кoвид кризата ќе се одрази врз целата економија, но нашата дејност е да понудиме сигурност и заштита, а сега тоа е потребно повеќе од било кога, вели во интервју за Фактор, Стојанчо Митревски, извршен директор за продажба на Кроација осигурување, Друштво за неживотно осигурување.

Карактеристика за пазарната економија е што таа се развива во циклуси. Во периодот од 1854 година до денес, економијата на САД се соочила со 33 економски циклуси, а во периодот по 1945 година, со 11. 

Во просек, по Втората Светска војна на секои 5,5 години се случувала по една рецесија, која просечно траела 11 месеци.

Компаниите и граѓаните ја делат речиси истата судбина поради коронакризата. 

Ова, според експертите со кои разговараше Фактор, може да се констатира од податоците според кои дури 70 отсто од населението во земјава ја прифатило понудата од банките за одложување на кредитните обврски во период од шест месеци, за кој нема да бидат ослободени од каматата.

„Осигурителна полиса“ во силна бизнис конкуренција лани оствари добивка од 1,57 милиони евра и за тој резултат првите двајца луѓе ги плати околу 200.000 евра. 

Како лани се справи со острата конкуренција фирмата што пред 15 години ја основаа тогашните бизнис магови и сегашни ветерани: Ѕинго, Доне Таневски и Глигорие Гоговски?

Можеби ќе ве интересира

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“