ТУРИЗАМ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Поделени откази, но искусните работниците сепак нема да ја изгубат работата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Април, 2020 06:52
Во охридско и струшко, поделени се откази на луѓето кои работеле во кафулиња и ресторани, а во хотелите многу помалку.
Од ХОТАМ велат дека оние кои се отпуштени биле сезонски работници, но откако стана очигледно дека заради коронакризата сезоната ќе доцни, тие луѓе останаа без работа. Во хотелите бројот на отпуштени работници е помал. Од ХОТАМ додаваат дека иако има отпуштања, тоа не е масовно, ниту алармантно.
„Работниците кои имаат долги години искуство нема да останат без работа, тие ќе продолжат да работат. Некои од нив можеби ќе земат 50 отсто од платата, но работата нема да ја изгубат. Оние кои се отпуштени се од мали ресторани и кафулиња, и тоа е нормално, затоа што ако објектите не работат и немаат приходи, не можат да ги платат. Ги следиме мерките, препораките, имаме резервации за август, септември, и оние резервации за јули стојат. Не зависи само од нас, туку и од Европа, кога ќе почне сезоната, кога земјите во Европа, кога Холандија ќе ги отвори границите“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.
Тој додава дека добрите работници нема причина да бидат загрижени затоа што стручните кадри му требаат на македонскиот туризам.
„Во јануари, пред да почне целата оваа ситуација, мислевме како да обезбедиме работници, но сега се вратени и многу од кадрите кои беа излезени надвор. И таму ќе има промени, ќе се намали работата, така што проблемот со недостиг на кадар ќе биде решен. Работниците се подготвени, одморени, и едвај чекаат да почнат со работа“, рече Блажески.
Тој вели дека оваа сезона нема да биде идеална, поради новиот начин на живот кој го донесе коронакризата, но инволвираните во туризмот ќе се потрудат да извлечат максимум.
По 1 Мај во Македонија се очекува нормализација на животот во Македонија, но тоа нема да биде веднаш, туку постепено.
Во регионот и пошироко експерти излегуваат со прогнози, и велат дека сезоната оваа година ќе почне во јули, но одредени држави ќе имаат и строги контроли при влез на туристите, а посетителите на плажите ќе мора да држат дистанца.
Јужниот сосед ја споменува и опцијата „здравствен пасош“ со помош на кој туристите ќе добијат шанса да летуваат кај нив.
Од Германија пак стигнаа сигнали дека нивните граѓани не треба да планираат одмори, туку треба да почекаат, затоа што не се знае што ќе се случи во јули и август.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





