11 Јули, 2020
0.0265

Интервју Митревски: Сега е најдобро време, Кроација почнува со продажба на доброволно здравствено осигурување

Објавено во: Економија, Интервјуа 24 Април, 2020

Очекувањата се дека Кoвид кризата ќе се одрази врз целата економија, но нашата дејност е да понудиме сигурност и заштита, а сега тоа е потребно повеќе од било кога, вели во интервју за Фактор, Стојанчо Митревски, извршен директор за продажба на Кроација осигурување, Друштво за неживотно осигурување. Моменталната состојба не ја намалува потребата на македонските граѓани за сигурност, дециден е тој. Компанијата започнува со продажба на Доброволно приватно здравствено осигурување.

Македонија е пред еден предизвик од здравствен, но и од економски аспект. Кризата со пандемијата на Ковид-19 влијаеше на целокупното работење на компаниите. Како се приспособи Кроација осигурување неживот на актуелната ситуација, како се организира работата?

Митревски: Општествената одговорност е наша стратешка определба. Грижата за здравјето, безбедноста и сигурноста на нашите клиенти и вработени е наш приоритет. Согласно препораките на Владата на РСМ, Кроација Осигурување презема мерки за прилагодување и непречено одвивање на работните процеси во новонастанатите вонредни услови. Вонредната состојба ја свативме како предизвик да понудиме сигурност за нашите клиенти во услови кога истата е најпотребна.

Преку поставување на сите потребни прилагодувања на информативните системи, овозможување на VPN пристап на вработените до нашата интранет мрежа за работа од дома, модификување на начините на работа преку комплетна реорганизација на работните процеси, ние се фокусиравме кон on-linе работење за сите вработени, не само за оние кои се опфатени со мерките.  Согласно специфичноста на нашата индустрија, а со цел навремено да се одговори на барањата на клиентите, остана потребата од физичко присуство на одредени вработени на своите работни места. Ова го организираме преку ротирање на вработените кои се физички присутни на своите работни места, се со цел почитување на мерките за социјална дистанца. Веднаш беа обезбедени сите потребни заштитни и хигиенски средства, а редовно и темелно вршиме и дезинфикација на работните простории како би ги заштитиле и вработените и клиентите. Како компанија покажавме дека многу брзо може да одговориме на сите промени и да се соочиме со сите предизвици.


Впрочем каков одговор на кризата правите и кои според вас се клучните приоритети во моментов?

Митревски: Кроација Осигурување е компанија со изградени стандарди за иновација и следење на технолошките трендови во насока на брза дигитализација, лесна продажба и наше виртуелно присуство до секој осигуреник. Оттаму, можам да кажам дека од аспект на дигитализација на работните процеси и продажбата, бевме подготвени брзо да одговориме на предизвиците кои ги донесе Ковид кризата. Платформата за on line склучување на полиси за осигурување „Моја Кроација“ веќе им е добро позната на нашите осигуреници, а сега ја користат повеќе од било кога.

Дополнително, имајќи предвид дека кризата има и свои економски ефекти, односно дека со себе донесе и неизвесност од финансиски аспект за македонските граѓани, која не треба да се одрази на нивната потреба да си обезбедат сигурност, одлучивме да овозможиме склучување на полиса со одложено плаќање. Практично, нудиме осигурување веднаш, а плаќањето го одложивме до 01.06.2020 година.

Како оваа криза сепак ќе се одрази на компаниите, особено на тие од осигурителниот сектор? Можно ли е да се извлечат и некои шанси, некои подобрувања?

Митревски: Очекувањата се дека Кoвид кризата ќе се одрази врз целата економија, но нашата дејност е да понудиме сигурност и заштита, а сега тоа е потребно повеќе од било кога. Моменталната состојба не ја намалува потребата на македонските граѓани за сигурност. Пандемијата не треба да не направи помалку одговорни. Периодов сите сме дома и се обидуваме да го исполниме времето со активности кои подразбираат вклучување на сите можни електрични уреди, тоа нужно наметнува потреба од сигурност на домот и семејството. Бројни локали, продавници и деловни простории во овие вонредни услови се затворени, или со намален човечки надзор, изложени на ризик од проблем со електрична или водоводна инсталација, провала или кражба. Сега повеќе од било кога сигурноста треба да ни биде на прво место. Светот во кој живееме се менува и дигитализира, а моменталната состојба го забрза овој процес. Сега е време паметно да ги искористиме нашите паметни уреди и да се осигураме од сите ризици, on line или со контактирање на осигурителен агент.


Вие и претходно воведувавте нова корпоративна култура во работењето. На што сте фокусирани?

Митревски: Силно верувам во Кроација како бренд кој на долг рок може да понуди убедливо најатрактивна понуда на пазарот. Во изминатите шест месеци Кроациа Осигурување направи сериозни промени во својата деловна стратегија во доменот на неживотното осигурување. Покрај значителното зголемување на резервите на Компанијата кои се направија непосредно пред крајот на минатата година, се реорганизираше целосно процесот на решавање на штети а со тоа реализирани се значителни исплати кон нашите осигуреници. Практично, во Компанијата се направи целосно прочистување на овој дел од работењето, се воведоа нови Процедури и процесот на решавање на штети стана еден од најдинамичните делови во нашето секојдневно работење. Понатаму, ја реорганизиравме целосно Компанијата со воведување на нова организациона структура,  направивме драматична оптимизација на трошоците, продажната мрежа ја прочистивме до ниво на воведување на нови правила кои значат корпоративно управување со продажбата без исклучоци. Во последните шест месеци, се реализираа и нови проекти кои станаа дел од нашата развојна стратегија: нови производи во доменот на незадолжителните осигурувања, значително подобрување на информатичката структура, Компанијата започна процес на ИСО Сертификација за квалитет кој е веќе во завршна фаза на имплементација, се работи на нова веб платформа. Се земено, крупни чекори за краток временски период но со многу јасна визија. Кроациа Осигурување македонскиот пазар го гледа како потенцијално подрачје за развој и во таа насока ќе бидат насочени сите развојни идни потези на брендот. Компанијата ја води млад, но многу динамичен тим што има јасна визија каде овој бренд треба да се најде за 5 години. Не сме љубители на брз раст, гледаме на пазарот Компании жедни за поголем удел на пазарот, но на сметка на својот капитал. Секој брз раст во домен на осигурување и во нашата констелација на односи кои постојат на македонскиот пазарот, често завршува на товар на трошење на капиталот на Компаниите. Затоа, нашата деловна стратегија ја насочивме кон зајакнување на капиталот и органски раст. Самиот факт што во време на крупни реорганизации кои ги спроведовме, кога бевме и подготвени да изгубиме дел од пазарот, и во време на криза и опаѓање на целокупната економија, ние растеме 8 проценти во приходите од премија и над 20 проценти во профитот зборува дека се направени вистински проценки за промени. Веруваме дека осигурениците знаат да препознаат дека ниската цена носи свои ризици кои се рефлектираат во незадоволство при исплатите на штетите. Кроациа Осигурување е близок бренд до нашите граѓани, чувстуваме дека ја имаме нивната доверба и симпатија и минимум што можевме да направиме е да понудиме една нова стратегија за уште повеќе да ги зајакнеме нашите меѓусебни релации.

Еден пример дека компанијата во моментов, во време кога секојдневно слушаме дека работодавачите го намалуваат бројот на вработени, а наши сограѓани остануваат без своите работни места, ние одлучивме да отвориме 10 работни позиции и да вработуваме, зборува во каков развоен пат се наоѓаме во моментов. Ќе се согласите дека ова е реткост денеска да се види и зборува за тоа колку менаџментот е подготвен да влече храбри и социјално одговорни потези.


Кои нови продукти ги воведувате во моментов?

Митревски: Следејќи ги потребите на нашите осигуреници, а по темелно и детално истражување на моменталната понуда на пазарот, со задоволно чувство можам да најавам дека Кроација Осигурување започнува со продажба на Доброволно приватно здравствено осигурување, овозможувајќи убедливо најдобра понуда за пазарот. Ништо не е поважно од нашето здравје и здравјето на нашето семејство, токму затоа темелно работевме на секој сегмент на овој продукт, и успеавме да понудиме висок стандард на здравствена заштита по прифатлива цена. Формиран е Кoл центар кој ќе работи на целосно информирање и насочување на нашите осигуреници за доброволно здравствено осигурување, а услугите ќе можат да ги остварат во сите приватни болници во земјава. Нашата матична компанија последните три години разви сериозна мрежа на здравствени приватни поликлиники со најсовремена дијагностика во Р. Хрватска, имаме од каде да превземеме одличен know how, a не ја исклучувам можноста овој производ во иднина да се развива кон проширување на нашите услуги и во приватните поликлиники на Кроациа Здравје во Хрватска.

Дополнително, се работи на темелно подобрување на целото продажно портфолио, повторно следејќи ги потребите на осигурениците и настојувајќи да понудиме најдобра понуда на пазарот. Во таа насока можам да најавам дека во брзо време ќе следува значајно подобрување на условите и понудата за Каско осигурување на возила, во неколку варијанти.

Компанијата објави дека ќе се докапитализира. За што тoчно станува збор и што ќе значи тоа за Кроација Осигурување?

Митревски: Собранието на акционери на Друштвото, преку единствениот акционер Croatia Osiguranje d.d. Zagreb на ден 16.03.2020 година, донесе одлука за зголемување на основната главнина, преку емисија на акции во вредност од 1.200.000 евра. Одлуката на Собранието на акционери е реализирана, односно, добиено е одобрение од страна на Комисијата за хартии од вредност, а матичната компанија изврши уплата на дополнителниот износ на капитал во висина од 1.200.000 евра. Самата докапитализација го потврди фактот дека имаме огромна поддршка од матичната куќа и во време на криза и пандемија. Нашиот акционер верува во деловната политика на компанијата и очекува иден успешен раст и развој на македонскиот осигурителен пазар.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

НАВАЛЕТЕ НА ЗЕЛЕНА НАФТА - тие што имаат картички од лани ќе точат веќе од понеделник

НАВАЛЕТЕ НА ЗЕЛЕНА НАФТА - тие што имаат картички од лани ќе точат веќе од понеделник

Даноците нема да се менуваат, правичен данок е можен само по долга дискусија

Даноците нема да се менуваат, правичен данок е можен само по долга дискусија

Безмалку 4 милиони евра дале Скопјани за „вечен живот“ минатата година

Безмалку 4 милиони евра дале Скопјани за „вечен живот“ минатата година

МАЛА ПОНУДА НА НАФТА: Во светот вакво нешто немало една деценија

МАЛА ПОНУДА НА НАФТА: Во светот вакво нешто немало една деценија

Ангеловска: Над 187.000 граѓани со домашните платежни картички потрошиле 10.7 милиони евра

Ангеловска: Над 187.000 граѓани со домашните платежни картички потрошиле 10.7 милиони евра

Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија повикува компаниите да не бидат вклучени во предизборната реторика

Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија повикува компаниите да не бидат вклучени во предизборната реторика

Кои се најуспешните компании во Кавадарци?

Кои се најуспешните компании во Кавадарци?

МАСОВНО КУПУВААТ ИМОТИ: Словенците го „окупираа“ хрватското крајбрежје

МАСОВНО КУПУВААТ ИМОТИ: Словенците го „окупираа“ хрватското крајбрежје

Еве каде можете да ги искористите ваучерите за туризам

Еве каде можете да ги искористите ваучерите за туризам