20 Мај, 2024
0.0307

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес повеќе заразени од вчера, Филипче најави дека е можно повторно да има карантин

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

НОВ „ЦРН“ БИЛАНС НА ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2464 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-189, Куманово-14, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-27, Струга-7, Велес-12, Битола-9, Охрид-5, Кавадарци-8, Гостивар-6, Гевгелија-15, Струмица-15, Крива Паланка-4, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13,  Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-6, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-34, Куманово-7, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-4, Радовиш—2, Пробиштип-2, Берово-5, Валандово-2, Свети Николе-2, Кичево-2.

Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (83г.), Куманово (62г.), Кичево (80г.) и Радовиш (54г.). 

ЗАРАЗЕН И ПРАТЕНИК ОД ДУИ

Oд Собранието потврдија дека пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски, е позитивен на коронавирусот. 

Тој со симптоми на коронавирусот е примен ноќеска на Инфективната клиника, а тестирањето покажало позитивен тест.

„Согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на КОВИД-19. Поради ова, а се со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации,пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Апелираме до сите останати пратеници, освен во Собранието,да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските.“, се наведува во соопштението на Собранието.

Оттаму апелираат на почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

МОЖНО Е ПАК ДА ИМА КАРАНТИН

Mинистерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува можноста за целосен или делумен карантин по општините или градовите доколку мерките не се почитуваат.

Тој се надева дека овој предложен пакет на рестриктивни мерки ќе имаат ефект. 

„Следниот чекор е целосен карантин, или целосно затварање. Ние сме сега далеку од тоа сценарио, но тоа ќе биде следниот чекор. Ги ицрпуваме можностите, има и можност да се интервенира во јавниот превоз или во скратување на работното време во некои економски компании и угостителски објекти, но тоа се опции. Сакаме да го избегнеме тоа. Добро се димензионирани мерките ако се почитуваат, на тој начин ќе го избегнеме карантинот“, рече денеска Филипча.

За носењето маски на отворено, вели дека го следеле примерот од Италија. 

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД ФИЛИПЧЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност затоа што за една недела имаме повеќе од 2.000 заразени од коронавирусот, а секој ден е нов пик. 

Велат дека министерот за здравство, Венко Филипче тврдеше дека толку заразени ќе имаме за време на цела епидемија. Бараат Филипче да си поднесе оставка. 

„Трагично е што за Филипче 3 месеци потоа виновен е Наќе Чулев и Гордана Димитриеска Кочовска, а не на пример Оливер Спасовски кој ништо не презема за санкционирање на еден клуб од Струмица кој се вика Аватар и не се затвора затоа што е близок до власта на Заев. Монтажните болници кои се уште не се во функција не е за тоа што Димитриеска Кочовска ги блокирала, туку затоа што Филипче наместо да ја заврши работата мислеше како да го зголеми плацот во Нерези на кој гради хациенда со сегашниот заменик министер за здравство. Гордана Димитриевска Кочовска не потпиша заем од 90 милиони евра чие образлозение беше на срамни два листа хартија. Тој криминал не поминува“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од партијата велат дека власта имаше 6 месеци да ги зајакне капацитетите во здравството. 

Филипче соопшти дека лекарите се изморени, но и дека има откази. 

СКАНДАЛ: ФРИЗЕРНИЦА ДОБИЛА ЕВРОПСКИ ПАРИ ПРЕКУ ЕРАЗМУС

Обвинителството да провери како Димова додели 270.000 евра на фризерница, бараат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Велат дека функционерите во СДСМ си делат европски пари за едукација, образование, млади и спорт, на фризерници кои немаат врска со темата на проектот со кој што аплицирале. Ова следи откако е откриена аферата во која фризерско студио добило 270.000 евра европски пари.

„Вчера  дознавме дека најрпофитабилен бизнис во Република Македонија е фризерската дејност.Лидија Димова, директорката од СДСМ, исплатила европски пари 270.000 евра во рок од 3 години преку неколку грантови на фризерски салон или берберница со две столчиња, сеедно, каде што една од темите на грантот за оваа година била фризерницата да едуцира за медиумска писменост во дигиталното опкружување. Неверојатно“, изјави портпаролот на партијата Димче Арсовски.

Арсовски потсетува дека во другите земји за овој проекти грантови добиваат угледни школи, училишта и универзитети, односно правниот субјект кои дејствуваат во областа на проектот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража