26 Април, 2024
0.0284

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес 101 заразен, по што Владата го врати полицискиот час

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

ПОВТОРНО НА СИЛА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Владата донесе одлука за полициски час, целосна забрана за Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, од четврток од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро.

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро. 

Петок, сабота и недела во другите градови има забрана за движење од 16 часот до 5 часот следниот ден. 

Групирање на граѓаните на семејни собири, непочитување на мерките при превоз доведе до раст на бројот на заразени. 

Ова го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. 

Се забранува посета на гробиштата, освен за погреби.

ДЕНЕС 101 ЗАРАЗЕН ОД КОВИД -19 

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Во изминатото деноноќие од компликации од Ковид-19 починале четворица пациенти. Од новозаболените дури 59 луѓе се од Скопје, од Куманово се 12, а од Штип седум луѓе. 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала 84 годишна пациентка од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починале, пациент од Тетово- 75 години, примен на 24 мај, пациент од Куманово - 71 година примен на 26 мај и пациент од Скопје - 58 години примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти.

- Тетово 8
- Велес 2

Досега во земјата се направени вкупно 32161 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. 

Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

ЈАНЕВА СЕ СОБЛЕКЛА ВО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Екс специјалната обвинителка Катица Јанева денеска на состанок во Државниот завод за ревизија почнала да се однесува дрско и непристојно, а ја соблекла и облеката. Таа заработи и прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Според пријавата во Министерството за внатрешни работи, Јанева останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица и одбила да даде изјава во врска со настанот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Џонсон Мети, најмоќниот странски инвеститор во Македонија, за 2018 платил речиси 40 милиони евра данок на добивка, пари кои биле добредојдени за сеопштата економија и јавното инвестирање во земјата, но за 2019 гигантот ни одблизу не успеал во истиот подвиг.

Кризата која ја предизвика пандемијата на Ковид-19 го запре движењето на капиталот, ги стопираше инвестициите. Во земјава, генерално има помала активност на тоа поле во последните години. 

Јавноста многу добро го памети како „најекономскиот пратеник“, кој во Собранието сосема смирено и многу прецизно и издржано дискутираше и аргументираше на сите економски теми. Потоа реши да се збогува со пратеничката професија и да и се посвети на науката.

Билјана Дуковска од Македонска платформа против сиромаштија вели дека пандемијата на коронавирусот ќе го продолжи трендот на нестабилни и неквалитетни работни места.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“