25 Април, 2024
0.0272

Сагата на странските инвестиции: Многу зборови, малку работа

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Кризата која ја предизвика пандемијата на Ковид-19 го запре движењето на капиталот, ги стопираше инвестициите. Во земјава, генерално има помала активност на тоа поле во последните години. Според податоците нешто над 137 милиони евра изнесуваат вкупните директни инвестиции во земјава во првите три месеци годинава. Сепак, како што објавивме, најголем дел од средствата не се однесува на влез на нов свеж капитал туку на тоа што посточеки компании ја реинвестирале добивката во земјава. Инаку во текот на цела 2019 година вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 326,3 милиони евра. 

Според податоците од терен најголемиот  број од ново најавените инвестиции немаат никакви активности на терен. Ефектот врз економијата, а посебно врз растот на платите од овие проекти, е помал во споредба со ефектите кој го имаат постоечките компании со високо-технолошко производство како Џонсон Мети, Маркард, Аптив, Кемет, Костал, Леар...

Каква е конкретно ситуацијата

ЧАГАТАЈ КАБЛО, турска компанија, која реши да инвестира во ТИРЗ Скопје 1, како добавувач на постоечката  „Ван Хол“. Компанијата ја обзнани инвестицијата по финализирање на преговорите со претходната влада. На камен темелникот (септември, 2017) се потврди дека договорот за закуп на градежно земјиште во зоната е склучен во мај 2017 година но не добиле договор за субвенции поради тогашните парламентарни избори. 

ВИК е компанија од Германија, договор за закуп на земјиште во ТИРЗ Прилеп склучи во април 2017 година. Одлуката за инвестиција е донесена претходно за што е известена македонската јавност во ноември 2016 година. Со склучување на последниот договор инвестицијата се објавува како успех во поглед на странските инвестиции

ТЕЛАМОН е компанија од САД со кој ас епреговараше долго но по изборот на новата влада во јуни 2017 година беше истакното дека одлука за инвестиција и склучениот договор за државни субвенции е донесен во последните шест месеци.

КРАНФИЛД, компанија од Русија. Одлуката за започнување на инвестиција донесена во средина на 2015 година. Новата Влада со потпишување на анекс договор кон договор за државна помош ја објави како нова странска инвестиција.

БАУМЕР и ДУРА се компании од Швајцарија и САД. Тие одлуките за инвестиции ги донесоа во 2018 година. Производството во Дура се уште е пробно.

МУРАТ ТИЏАРЕТ, турска инвестиција, уште еден добавувач на белгиска „Ван Хол“. Тие инвестираа по иницијатива на „Ван Хол“ по што е резервирана одредена парцела во зона.

КЕСЛЕР е германска инвестиција договорена и најавена во јануари 2016 година. Подолг период работеше во изнајмен објект во општина Илинден. Договорот за закуп на земјиште во Зоната е склучен крај на 2017 годинаУште не е јасно дали компанијата се префрлила во ТИРЗ и дали таму има градежни активности и 150 вработувања, како што се ветуваше.

САГЕН, од Албанија, РЕЏИ енд САНС од САД, ЏЕМТАГ ЛАЈТЕНИНГ од Турција, ДОГАН ОТОМОТИВ, итсо така од Турција, БАЛКАНЛАР ПЛАСТИК, ЗЕНИ од ОАЕ, МАЛХОТРА од  Индија се најавени инвестиции кои иако склучиле договор за закуп на земјиште пред повеќе месеци, немаат започнато со никакви градежни активности и вработувања. Инаку според Законот за технолошки индустриски развојни зони треба да започнат со градба во рок од 9 месеци од склучување на договорите за закуп на градежно земјиште.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија