27 Април, 2024
0.0364

Милионите од Џонсон Мети изостанаа во државниот буџет на Македонија

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Џонсон Мети, најмоќниот странски инвеститор во Македонија, за 2018 платил речиси 40 милиони евра данок на добивка, пари кои биле добредојдени за сеопштата економија и јавното инвестирање во земјата, но за 2019 гигантот ни одблизу не успеал во истиот подвиг. 

Производитеот на катализатори и двигател на македонскиот извоз во 2018 за прв пат започна да го плаќа овој данок. Управата за јавни приходи, која не го именува експлицитно инвеститорот, потврдува дека ваквиот епилог е најголемата причина за големиот пад во наплатата на данокот на добивка.

„Една од причините за понизок износ на наплата на данокот на добивка е планираниот износ за 2019 година. Имено, во 2018 година, посебно може да се издвои даночен обврзник кој има статус на корисник на ТИРЗ според евиденцијата на УЈП, кој во текот на 2018 година има извршено уплата во износ од над 2,3 милијарди денари на данок на добивка. Овој износ не се очекуваше да се наплати и во 2019 година“, велат од УЈП.

Џонсон Мети во 2019 оствари приходи од дури 1,9 милијарди евра, што го прави убедливо прв во Македонија пред Кромберг и Шуберт со 248,3 милиони евра. Меѓутоа остварил профит од само 77 милиони евра, за што и не може да се каже дека бил надмоќен во однос на останатите најуспешни компании.

Во 2019 година, остварен е вкупен приход од данокот на добивка од 11,5 милијарди денари. Овој износ е понизок за 24,49 отсто во однос на планираниот од 15,3 милијарди денари. Во однос на една година претходно е помал за 3,2 милијарди денари и само нешто е поголем од наплатениот во 2017. Сликовито, се укажува на тоа дека во просек компаниите оствариле помали добивки споредено со профитите од 2018.

Структурата што ја објави УЈП покажува намалување на наплатениот износ на данокот на месечните аконтации кои се наплатени помалку за нешто повеќе од милијарда денари, односно за 11,83 отсто при нивно учество во вкупниот данок на добивка од 70,15 проценти. Данокот на даночни биланси е помал за 1,17 милијарди или за 32 отсто, од дивиденди данокот е помал за 32,810,558 денари, задржаниот данок платен за странски правни лица  е во минус од 947 милиони денари.

Пораст се бележи на данокот на каматата за 44,342,990 денари кој учествува со еден отсто во структурата, а зголемена е и наплатата на гдишниот данок на вкупен приход за 9,251,323 денари чие учество е исто така малку значително.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра