ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА СРПСКАТА ФАБРИКА ЗА ВАКЦИНИ - Вучиќ објави видео на инстаграм
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2021
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео за тоа како треба да изгледа фабриката за вакцини, која Србија ја гради со партнери од ОАЕ и Кина.
Вака треба да изгледа српската фабрика за вакцини што ја градиме со нашите партнери од ОАЕ и Кина. Наскоро ќе започне изградбата на фабрика за производство на PCR тестови. Горд сум на Србија и нејзините достигнувања во медицината, фармацијата и здравството, напишал Вучиќ во описот на видеото на Инстаграм профилот.
Да потсетиме, српскиот претседател најави дека производството на вакцини во Србија ќе започне на 15 октомври.
Србија прво ќе ги пакува вакцините Синофарм, а потоа ќе прави и течност вакцини. Ние ќе произведуваме вакцина Синофарм. Тоа е важно за здравјето на луѓето, економијата, армијата. Целата земја оди драстично напред, и ние ќе имаме голема сила, бидејќи тоа е важно за здравјето на целиот регион, рече Александар Вучиќ за време на неговата посета на Абу Даби во март годинава.