20 Мај, 2024
0.0267

ЕВАКУИРААТ ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ПО ПРОБИВАЊЕ НА БРАНАТА: На повидок и досега невидена еколошка катастрофа на Дњепар

Објавено во: Свет 06 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Илјадници луѓе се евакуирани откако во текот на ноќта пукна брана во областа Херсон во Украина.

Десетици градови се поплавени, а долгорочната ситуација е опишана како „еколошка катастрофа“, јавува Би-би-си. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за минирање на браната, додека Москва тврди дека уривањето било „намерен чин на саботажа“ од Киев. Рускиот истражен комитет објави дека покренал кривична истрага. Во меѓувреме, Киев соопшти дека отворил истрага за воени злосторства.

Би-Би-Си јавува дека дабар е снимен како талка по поплавените улици. Браната е важен ресурс, бидејќи обезбедува вода за голем број луѓе, но и за најголемата нуклеарна централа во Европа во Запорожје.

Шефот на нуклеарното набљудување на ОН рече дека недостатокот на вода за ладење во Запорожје може да ги наруши итните дизел генератори - иако се вели дека ситуацијата во централата е под контрола.

Борбите продолжуваат, а Украина извести за руско гранатирање во областите кои се евакуирани.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси