02 Јуни, 2024
0.0295

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

Објавено во: Свет 19 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси се урнал во иранска провинција. 

Како што пренесе новинската агенција Тасним, поврзана со ИРГЦ, службите за итни случаи бараа да се обидат да го пронајдат хеликоптерот на претседателот, но магливото време во областа ги отежна напорите. Заменик координаторот за цивилни прашања на Источен Азербејџан изјави дека летале три хеликоптери, од кои два безбедно слетале, а еден се урнал, јавуваат иранските државни медиуми. Заменик-координаторот додаде дека не знае детали за можни жртви или точната причина за несреќата.

Екипажот на хеликоптерот кој учествувал во несреќата наводно успеал да повика помош пред падот. Локалните медиуми јавуваат дека за време на повикот се слушнале врисоци и дека тој бил прекинат по само неколку секунди. Во хеликоптерот што се урнал бил и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Раиси лета со хеликоптер во друштво на иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан.

Раиси претходно учествуваше со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на церемонијата на пуштање во употреба на хидроцентралата Худаферин и отворањето на хидроцентралата Гиз Галаси изградена на реката Араз.

Иранската делегација патувала со три хеликоптери.

Градот Варзакан, каде што се урна хеликоптерот, се наоѓа на 106 километри од Табриз.


Можеби ќе ве интересира

Русија собори два украински авиони МиГ-29, го освои Уманско

Русија собори два украински авиони МиГ-29, го освои Уманско

Во понеделник започнува судењето на Хантер Бајден

Во понеделник започнува судењето на Хантер Бајден

Зеленски: Жал ми е што не се одзваа на поканата и нема да дојдат во Швајцарија

Зеленски: Жал ми е што не се одзваа на поканата и нема да дојдат во Швајцарија

Кинеа слета на спротивната (темна) страна од Месечината

Кинеа слета на спротивната (темна) страна од Месечината

ОВА СЕ ТРИТЕ МЛАДИ ЛИЦА ЗА КОИ ПЛАЧЕ ЦЕЛ СВЕТ: Прегрнати заминаа во смрт (ВИДЕО)

ОВА СЕ ТРИТЕ МЛАДИ ЛИЦА ЗА КОИ ПЛАЧЕ ЦЕЛ СВЕТ: Прегрнати заминаа во смрт (ВИДЕО)

ПОПЛАВИ НА ЈУГОТ НА ГЕРМАНИЈА! Пукна брана, затворот евакуиран, жителите се спасуваат со хеликоптери (ВИДЕО)

ПОПЛАВИ НА ЈУГОТ НА ГЕРМАНИЈА! Пукна брана, затворот евакуиран, жителите се спасуваат со хеликоптери (ВИДЕО)

НА ЕВРОПА И СЕ ЗАКАНУВА НОВ НЕВООБИЧАЕНО ЛАДЕН БРАН - Попоски најавува многу дожд, но и снег

НА ЕВРОПА И СЕ ЗАКАНУВА НОВ НЕВООБИЧАЕНО ЛАДЕН БРАН - Попоски најавува многу дожд, но и снег

УАПСЕН ПОЗНАТ МИЛИОНЕР: Поранешен сопственик на голема компанија обвинет за злоупотреба на малолетници

УАПСЕН ПОЗНАТ МИЛИОНЕР: Поранешен сопственик на голема компанија обвинет за злоупотреба на малолетници

Што значи пресудата против Трамп за изборите

Што значи пресудата против Трамп за изборите