20 Мај, 2024
0.0348

ЕУ членките постигнаа консензус за насоките по Брегзит

Објавено во: Свет 11 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Земјите-членки на Европската унија се согласија со насоките за преговори за излегувањето на Велика Британија од ЕУ, претставени минатиот месец од страна на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. 

Ова го откриваат извори од Брисел, цитирани од АФП. 

Претставници на 27-те земји одржуваат серија состаноци, откако на крајот на март британскиот премиер Тереза ​​Меј официјално го стартуваше почетокот на Брегзит, а два дена потоа Туск ги претстави своите насоки. 

„Дискусијата ... покажа цврсто единство и консензус на сите основни елементи на нацрт, вклучувајќи и фазен пристап кон преговорите“, вели изворот. 

Според него за земјите од Унијата е приоритет да го решат прашањето со европските граѓани во Велика Британија. 

„Во тој контекст беше потсетено дека несигурноста и поделбата е последица од британската одлука за напуштање“", посочува изворот. 

Околу 3 милиони европски граѓани живеат во моментов во Велика Британија, а уште 1 милиони британски државјани се наоѓаат во различни земји од ЕУ. 

Претставниците на 27-те земји ќе се состанат повторно на 24 април, за да завршат со дискусиите на насоките кои официјално треба да бидат прифатени од лидерите на земјите-членки за време на самитот на 29 април.

Можеби ќе ве интересира

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси