Електро софт има само еден вработен, но има автомати за паркинзи и прави големи пари
Објавено во: Економија 01 Октомври, 2018
Автоматите за паркирање што ги поседува скопската фирма Електро софт лани и донеле вкупни приходи од безмалку 11 милиони денари или 179.000 евра, а регистрираниот субјект има само еден вработен.
Елекро софт е една од фирмите кои се уште ги нема репрограмирано автоматите за да ги прима новите банкноти за наплата од 10 и 50 денари, иако годишно во просек прави добивка од околу 200.000 евра.