19 Мај, 2024
0.0303

Колку пари прави Електро софт со само еден вработен?

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Скопјани вистински се нервираат кога треба да платат паркинг во некоја од гаражите низ градот, ако тоа треба да го сторат на автоматите кои не примаат картичка, ниту пак ги примаат новите банкноти од 10 и 50 денари, ниту пак за услугата може да се плати со банкнота со поголема вредност. Дел од автоматите се на скопската фирма Електро софт која лани имала вкупни приходи од безмалку 11 милиони денари или 179.000 евра. Најважно е што оваа е фирма во која има само еден вработен, а повеќе информации за неа не можат да се дознаат ниту преку веб страницата затоа што таа не функционира.

Скопската компанија Друштво за електроника, автоматика и информатика ЕЛЕКТРО СОФТ Љупчо ДООЕЛ, лани остварила вкупни приходи од 10.982.045 денари ( 179.000 евра), покажуваат официјалните податоци од скратениот биланс на успех достапни во базата на Централниот регистар на Македонија.

Приходите лани се помали од остварените во 2016 година кога Електро софт има вкупни приходи од 19.609.926 денари или 319.000 евра.

Сепак добивката лани изнесува само 27.955 денари, а во 2016 година прикажана е добивка од 32.849 денари.

Расходите на компанијата минатата годоина исто така се помали од тие во 2016 година. Или во бројки, во 2017 година вкупните трошоци изнесуваат 10.948.328 денари (178 илјади евра), а во годината претходно биле 19.553.209 денари.

Она што е симтоматично е што во оваа компанија и во 2016 и во 2017 година е вработен само еден човек. Самиот прави годишен обрт од околу 200.000 евра во просек!

Главнината и резервите на компанијата Електро софт на крајот на минатата година изнесуваат 21.487.590 денари (околу 350 илјади евра) и се минимално зголемени во однос на 2016 година кога изнесувале 21.459.635 денари (349 илјади евра). Ако се спореди со вкупните приходи излегува дека вкупните приходи во 2016 година на пример биле многу слични како и вкупните приходи.

Фактор веќе пишуваше дека иако се употребуваат веќе четири месеци, со новите банкноти од 10 и 50 денари, граѓаните не можат да платат паркинг на автомат, тие пари не можат да ги вметнат ниту во машините за плаќање на фактури за комунални сметки.

Од Народната банка велат дека тие уште во мај, кога беа пуштени во оптек новите полмерни банкноти, ги повикале фирмите кои имаат вакви машини да ги прилагодат софтверите.

Електро софт како и некои други тоа не го сториле уште. Поради тоа се создаваат гужви пред овие автомати, а граѓаните се револтирани.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?