29 Април, 2024
0.0282

ДРАГАНА ЧЕРНИХ: Земјотресот е најобјективен ревизор на градбите

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Земјотресот е најобјективен ревизор на градбите, вели д-р Драгана Черних, раководител на  Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје.

Таа вели дека ниту еден сериозен сеизмолог не може да предвиди кога ќе има земјотреси. Черних објаснува дека сите информации кои деновиве беа пренесени во медиумите дека во наредните два месеци ќе има земјотреси, всушност се погрешно интерпретирани изјави на сеизмолозите од регионот.

„Вообичаено Грција и Албанија имаат малку поголема сеизмичка активност од Македонија, и кај нив почесто има земјотреси. Во Кефалонија често има длабоки земјотреси. Граѓаните треба да бидат смирени и да станат свесни за начинот за градење на грабдите, можеби треба и законите во тој дел да бидат построги“, рече Черних.

Дури и понапредни земји во светот кои имаат современа апаратура, не можат да ги предвидат земјотресите. 

Таа потенцира дека е многу важен начинот на градење, за да се заштити населението во случај на земјотрес.

Соседна Албанија се соочува со катастрофа, смртни последници, огромни штети откако ги погоди силен земјотрес, по што имаше и повеќе други потреси.

Земјотреси освен во Албанија деновиве имаше во Грција, БиХ, Црна Гора. Дел од потресите се почувствувани и во Македонија, во западниот дел и во Скопје.

Во Албанија некои семејства загубија по неколку членови, откако ги затрупале зградите.

Белградскиот архитект Небојша Глишиќ вчера потенцираше дека во последните десетина година ширум светот „не убиваат земјотресите, туку корупцијата во градежништвото“.

Македонија, но и други земји помогнаа финансиски, но и со екипи за спасување во Албанија.

Сања Атанасовска

фото АП

Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени