Архитект од Белград објасни зошто се случи катастрофа во Драч
Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2019 15:27
Српски архитект објаснува што се случи деновиве во aлбанскиот град Драч, каде силен земјотрес уби луѓе и направи големи штети.
Белградскиот архитект Небојша Глишиќ е огорчен од глетката на урнати згради по земјотресот што ја погоди Албанија.
Глишиќ во својата објава на Фејсбук потенцира дека во последните десетина година ширум светот „не убиваат земјотресите, туку корупцијата во градежништвото“.
Освен на земјите во развој, тоа се однесува посебно и на земјите од поранешниот социјалистички блок, т.е. на поранешните југословенски републики од 1990 година па наваму.
„Првата слика говори дека целосно нов објект потклекнал под тежината на катовите, очигигледно е без адекватни сеизмички платна, хоризонтални и вертикални армиранобетонски сирклажи кои би ги прифатиле моќните сили на земјотресот. Само се склопило, онака како што можат да се склопат катовите на постари објекти на кои се наѕидани силни катови“, напиша тој.
Познатиот белградски архитект кој последните децении учествувал или потполно конструирал многу објекти низ Србија за западноевропските големи компании, наведува дека, дури и кога во зградите се вградуваат и големи количества бетон и арматура, катастрофата во случај на земјотрес е гарантирана ако на зградата и се „тенки колената“.
„На првите фотографии е вткаена сета моја децениска борба со аматерите во работата, со ситното користољубие, бедни заштеди во арматура, серклажи, сеизмички платна. Милион пати сум се сретнал со прашањето: зошто толку арматура и бетон? Еве зошто. Не се случува секој ден, но кога ќе се случи, однесува човечки животи и прави неизмерни штети. Да се работело според прописите, сите овие згради, повредени и мртви во нив, сега би биле живи и здрави. Освен ситни пукнатини и попаднати работи во становите и куќите, ништо посериозно немаше да се случи. Денеска би имале дом и живот“, напиша Глишиќ.
Едно истражување на Универзитетот Колорадо од 2011 година за последиците од лошата градба на згради врз човечките жртви во земјотресите се утврдило дека во сите земјотреси во претходните три децении би можеле да се избегнат дури 83 отсто од сите жртви, само зградите во погодените градови и населби да се граделе во склад со стандардите за заштита од земјотреси.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!
(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење





