Добивај вести на Viber
Aмериканскиот гигант „Епл“ во текот на јануари следната годинана на пазарот би можел да промовира два нови модели „АјПед 3“, објави весникот „Вашингтон Пост“. Весникот наведува дека оваа информација претставува новина, од причина што досега се најавуваше дека „АјПед 3“ ќе биде промовиран во текот на февруари или март, а во продажба би бил пуштен во текот на април 2012 година. Според најавите, „АјПед 3“ не би требало да го замени моделот „АјПед 2“, кој и натаму би бил во продажба, но со намалена цена. „АјПед 3“ ќе има подобра резолуција, поголема чувствителност и екран од 9,7 инчи. Едниот модел ќе биде со камера од осум, а другиот од пет мегапиксели. Сепак, според „Вашингтон Пост“, ваквата информација би требало да се прифати со резерва, бидејќи најавата е дека „Епл“ ќе го промовира новиот „АјПед“ на конференцијата „Мекворлд АјВорлд“, што ќе се одржи на крајот на јануари 2012, собир на кој овој Ај-Ти гигант не учествува веќе со години.