20 Мај, 2024
0.0344

Димова: Не давам оставка, сме давале европски пари и претходно на фризерски салони

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Лидија Димова порача дека нема да поднесе оставка како директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за доделените европски пари за случајот „фризерница“. Таа рече дека не може да ги избрише доказите за евентуална афера доколку остане на функцијата, затоа што, како што вели таа, тие се чуваат во базите во Брисел.

- Станува збор за грант и не е за фризерница, тука на претпријатието ВЕЗ Трејд на сопственикот Зоран Златковски.  Дури и да беше фризерница, во Еразмус ние сме давале грантови на фризерски салони и тоа не е ништо спорно. Се дава впечаток дека директорката е таа која ги дава парите. Директорката не ги дели парите, туку по строго утврдени правила кои ги определува Брисел.  Ние добиваме посебен прирачник, каде што се сите правила околу оценување на проектите. Прво се добиваат проектните апликации, потоа се прави техничка проверка од програмските службеници. Потоа следува процес на оценка на квалитетот која ја прават надворешни соработници избрани на јавен конкурс од страна на независен странски тим од кој се изземав јас како директор од целиот тој процес. Проектите автоматски се доделуваат, така што процесот има двојна контрола, рече Димова на денешната онлајн-конференција.

За проектот со тренирање на магариња, за кои беше обвинета од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека тоа е смислено масло на адвокатот Александар Тортевски

- За проектот со магариња, не е смешен колку што сакаше да се направи смешно во јавноста, таа небулоза излезе од господинот Тортевски. Му скративме средства за еден проект и тоа има задна намера. Во европски рамки на пребарувачот може да се види дека има 15 проекти кои се поврзани со магариња. Не се тие пари кои ги зема само училипштето, туку ги земаат организации кои меѓусебно си ги делат парите, па износот не е толку голем, рече Димова.

На прес-конференцијата свое видување даде и Златковски, кој рече дека средствата ги примила неговото претпријатие, а не „фризенрица“ и дека е мошне задоволен од проектот „Медиумска писменост“. Тој се обиде да објасни штои се е сработено до сега за доделените 270 илјади евра.

- „Фризерница“ е тотално лажна вест. Фирмата ВЕЗ Трејд добила грантови до сега за два проекти коисе успешно затворени и се однесуваат на младинската работа и едукација за младите за медиумска писменост. Во тие проекти беа вклучени наставници и ученици од партнерски земји. Поднесени се извештаи, а еден е оценет како најдобар во 2019. Имам интелектуални книги и трудови кои моите соработници ги изработија. Јас преку огласи  ангажирав ученици да се очучуваат во странство за ммедиумска писменот. Партнери доаѓаа во Македонија, а за медиумска писменост беа опфатени од 40 до 50 ученици. Организирав и работилници надвор од овој проект во рамките на деновите на медиумската писменост. Изработивме емисии кои се видливи на македонската телевизија, таму учествуваа мои ученици како и стручни лица. Беа обучени и наставници од партнерските земји. Ова се е видливо и повторно аплицирав. Како најдобра практика овој проект треба да се подржува и Националната агенција реши да го поддржи со грант. Од 26 октомври повторнио ќе се емитува емисија за медиумска писменост. Во март очекувам нов циклус емисии од интернационален карактер , во зависност од ковид кризата, а ќе има размена на ученици помеѓу Македонија, Бугарија и Литванија, рече Златковски.

Во изјава за „А1он“ премиерот Зоран Заев претходно побара од директорката  на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на прес-конференција да ги објави сите детали околу доделувањето на овие големи средства.



Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки