„ДИЈАСПОРАТА ОВДЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИМЕНА СО РАШИРЕНИ РАЦЕ, НО НЕ Е ТАКА“ - еве какво искуство имал иселеникот Митре Кутановски, слушајте во новиот поткаст на Фактор
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2024
Нашиот иселеник и успешен бизнисмен во САД, Митре Кутановски, во најновиот поткаст на Фактор со новинарот Мишко Иванов, а на кој настапува заедно со неговата сопруга Софи, во еден дел се пожали и на односот на македонската држава кон дијаспората.
„Таа дијаспора овде треба да биде примена со отворени раце, но не е така, тоа не е случај. На пример, кога јас и Софи ќе дојдеме тука, а бидејќи Софи нема македонски пасош, уште кога ќе слетаме на аеродром, ми велат ‚Митре, зошто твојата сопруга нема македонски пасош'“, го објаснува односот Кутановски.
Софи Кутановска, пак, објаснува како е создадена фондацијата.
„И така ја направија фондацијата. Имено, парите што биле инвестирани во Америка, никогаш не се трошат, туку само стојат и само растат. Затоа каматите од тие пари ги трошиме за да им помогнеме на децата во Македонија“, објаснува Кутановска.
Додава дека ако тоа претходно беше сума од три до четири милиони долари, сега таа се зголемила на шест до седум милиони.