Даваат награда од 70.000 евра - што треба да направите?
Објавено во: Свет 10 Април, 2017
Во Кина даваат награда и до 70.000 евра на оние граѓани кои ќе пријават шпиони.
Властите оваа награда ја нудат на граѓаните на Пекинг.
Тие можат да пријават инфилтрација, уривање или кражба на информации, пишува Гардијан.
Безбедносните служби во соопштението наведуваат дека со помош на граѓаните ќе изградат „голем ѕид“ како што велат против предавници и шпиони.
Оние кои ќе достават информација до властите ќе имаат рок од 90 дена за добивање на наградата, а ако сметаат дека се загрозени тогаш за себе и своето семејство можат да побараат заштита.
Има три начини да се достави информација, по телефон, по мејл или лично.