26 Април, 2024
0.0262

Дамјановиќ со писмо до Вархеји: ЕУ да ја реши кризата како во Северна Македонија

Објавено во: Балкан 24 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber


Европската унија (ЕУ) треба да се вклучи во решавањето на политичката криза во Црна Гора, како што посредуваше во решавањето на кризата во Северна Македонија, бара независниот пратеник Александар Дамјановиќ.

Опозиционерот од редовите на Социјалистичката народна партија во писмото до комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, напиша дека неговата неодамнешна посета на Црна Гора е многу значајна, особено со оглед дека тој неодамна беше назначен за високо одговорно место како Европскиот комесар за проширување, пренесува „Вијести“.

„Верувам дека вашата посета покажа дека сте многу запознаени со сериозноста на политичката состојба во Црна Гора, или, можам слободно да кажам, политичката криза во мојата земја, која е длабоко во процес на преговори за членство во ЕУ“, рече Дамјановиќ во писмото до Вархеји .

Дамјановиќ вели дека усвојувањето на Законот за слобода на религија ги загрозува правата на канонската православна црква во Црна Гора, односно стотици илјади верници во Црна Гора.

Тој исто така посочи дека дел од членовите на Судскиот совет сè уште не се избрани, дека Врховниот државен обвинител, претседателите на Државната изборна комисија, Уставниот суд и Агенцијата за борба против корупцијата не се избрани.

Дамјановиќ рече дека иако е изборна година, не е усвоен нов закон за избори во согласност со препораките на ОБСЕ.

Тој рече дека сите овие проблеми со кои се соочува Црна Гора го забавуваат процесот на преговори со ЕУ.

Дамјановиќ рече дека ги почитува сите обврски и одговорности што ги има Вархеји, но дека е неопходно еврокомесарот да продолжи да ги следи настаните што се случуваат во Црна Гора

„Исто така, има потреба од поактивно вклучување на ЕУ во надминување на оваа политичка криза во Црна Гора, на начин на кој Унијата посредуваше во решавањето на кризата во Северна Македонија“, пишува Дамјановиќ.

Во меѓувреме тој не се сретнал со Вархеји при неговата неодамнешна посета на Црна Гора, но очекува предлози од Брисел.

„Останувам отворен за понатамошна комуникација и какви било предлози. Мислам дека заедно можеме да сториме сè за Црна Гора да се опорави од длабоката политичка и социјална криза “, рече Дамјановиќ.


Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци