30 Април, 2024
0.0271

Дали на Македонија и требаат нови хотели и во кои региони?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Со пандемијата се зголеми интересот за одмор во домашните туристички центи, но се отвори прашањето дали имаме доволно сместувачки капацитети. 

Секторот е доста погоден,  но има ли можност за нови хотели и ќе има ли гости за нив?

Во дел од македонските градови нема хотели или има само по еден хотел.

На Македонија и требаат нови хотели, но само во туристичките места, конкретно во Охрид и Струга.

Од ХОТАМ велат дека во Скопје веќе има доволно хотели, а на охридско – струшкото крајбрежје се потребни 5 до 6 нови хотели, кои би понудиле околу 2.000  нови легла. Засега во овој регион има 7.000 легла во хотелите, и над 20.000 во приватното сместување.

„Сега во овој период не верувам дека некој ќе гради со оглед на ситуацијата со пандемијата, но покрај Охридското езеро се потребни неколку хотели. Во Скопје има доволно, се изградија доста хотели, а истото важи и за Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола. Во помалите места некаде нема хотел, но таму доколку некој не може да се смести во одреден град, може да најде сместување во соседен град на 30 километри и тоа не е далеку. Во Источна Македонија има апартмани, мотели, куќи кои издаваат соби,  така што тоа ги задоволува потребите на туристите. Потребно е во туристичките места да се изградат и модерни кампови затоа што се многу барани“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.

Тој додава за туризмот се важни многу повеќе фактори како инфраструктура, автопати, авионскиот сообраќај и ред други работи.

Како позитивен пример од соседството ја посочува Албанија која доживува бум. Вели дека штом ќе се среди инфраструктурата, хотелите сами „никнуваат“.

Сликата во туризмот оваа година е многу лоша поради пандемијата на коронавирусот.

Бројките се поразителни. Во јули скоро и да немало странски туристи во земјава, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. 

Во јули бројот на домашните туристи, во однос на јули лани е намален за 4,8 отсто, а на странските за 94,9 отсто.

Бројот на странските туристи во јули 2020 година е 4.991, наспроти 97.666 во истиот месец лани. 

Домашни туристи, пак, имало 70.000, а лани во јули биле 74.196.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање