20 Мај, 2024
0.0257

Дали форфетингот ќе ги реши проблемите во меѓународната трговија?

Објавено во: Економија, Колумни 26 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Современите трендови на глобализација и заострената конкуренција на меѓународниот пазар, ги тера компаниите да изнаоѓаат нови начини и методи за пласирање на своите производи и услуги. Со оглед на тоа што компаниите од развиените западни земји се соочуваат со силна конкуренција на своите национални пазари, тие се свртуваат кон земјите во развој каде што на увозниците им нудат нови инструменти на финансирање на меѓународната трговија.

Растот на пазарите во земјите во развој нуди широки можности за компаниите од развиените економии коишто на тие пазари ги пласираат своите производи и услуги. Се разбира, новите пазари, покрај можности, нудат и предизвици за команиите од развиените земји: различни јазици, различни начини на вршење на деловните активности, начинот на вршење на меѓународниот платен промет и сл. Производите и услугите на водечките светски компании се познати по својот квалитет и за нив постои голема побарувачка во земјите во развој. Но, увозниците од тие земји бараат да им бидат понудени соодветни услови на финансирање за да можат да го извршат увозот на производите или услугите. Со оглед на тоа што компаниите од развиените земји многу често не можат или не сакаат да ги кредитираат своите деловни партнери од земјите во развој, а од друга страна, увознците од земјите во развој не се во можност да го извршат увозот без одредена финансиска поддршка, се наметнува потребата од постоење финансиски институции коишто ќе посредуваат помеѓу деловните партнери за да дојде до реализирање на деловната активност. Една од техниките на финансирање што ја употребуваат финансиските институции коишто се јавуваат како посредници е форфетирањето. Со помош на форфетирањето, финансиската институција (форфетерот) ја откупува обврската на увозникот со одреден дисконт и го исплаќа извозникот. Покрај откупувањето на обврската, форфетерот врз себе го презема и кредитниот ризик од увозникот. Значајно за извозникот е што го наплаќа своето побарување од форфетерот, иако со одреден дисконт. Стапката на дисконтирање се разликува во зависност од кредитниот ризик. Дисконтирањето се врши без создавање обврска за извозникот. Тоа значи дека форфетерот ќе го исплати извозникот без да има било какви побарувања од истиот во иднина. На тој начин, извозникот го наплаќа своето побарување без да биде изложен на каков било пазарен ризик. Што е уште позначајно, извозникот освоил нов пазар за своите производи или услуги. Наплатата на извозното побарување значи дека извозникот е во можност да започне нов производствен циклус и да генерира нови приходи. Откако извозникот ќе најде нов пазар за пласирање на своите производи или услуги, започнува преговори со потенцијалните увозници. Преговорите вклучуваат и потпишување на комерцијален договор, во кој се наведени техничките аспекти на производите што ќе бидат предмет на извоз. Откако ќе се постигне договор за техничките аспекти, следуваат преговори за финансиските услови. Во тој момент извозникот треба да изврши истражување на пазарот на форфетирање за да ги запознае можностите што истиот ги нуди. Откако ќе изврши истражување на пазарот на форфетирање и ќе се запознае со условите што ги нудат банките, финансиските институции или специјализираните финансиски куќи, извозникот ќе биде во можност да му ги презентира своите финансиски услови на увозникот. Овие финансиски услови се однесуваат на: рок (број на години), цена (стапка на дисконтирање), обем (износ во евра, долари или друга валута), ризик за увозникот (со или без гаранција од друга институција) и потребна документација. Обично потребната документација се сведува на видот на инструментот кој ќе биде искористен при форфетирањето. Поголемиот дел од институциите коишто се занимаваат со форфетирање се подготвени да понудат т.н. „обврска на форфетерот”, за да му дозволат на извозникот да ги заврши преговорите со увозникот. Обврската на форфетерот се состои во дисконтирање на обврската што ја има увозникот спрема извозникот. Од реализирањето на обврската на форфетерот, зависи износот на средства што ќе го добие увозникот. д-р Гоце Трајковски

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра