19 Мај, 2024
0.0275

Дали акционерите на Гранит сакаат акции вредни 7 милиони евра од Комерцијална банка?

Објавено во: Економија 11 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Врвен приоритет на „Гранит“ стана купување акции во „Комерцијална банка„ и за тоа да плати 7 милиони евра! Секоја акција е купена на цена од 3.750 денари што е значајно високо пазарно ценовно ниво за таа акција. Ги праша ли некој стотиците мали акционери во „Гранит“ – домашни физички лица дали сакаат тие 7 милиони евра да им ги поделат: 1. како дивиденда; 2. да ги вложат во акции; 3.со нив да купат нова градежна опрема? 

За потсетување, кон крајот на март најголемата домашна градежна компанија „Гранит“ купи 113.700 акции со право на глас во најголемата домашна деловна банка „Комерцијална банка“ Во акции на една од најголемите банки „Гранит“ вложи 426,4 милиони денари односно 7 милиони евра. По кој основ врвен приоритет на „Гранит“ е да вложи 7 милиони евра кеш во 4,99 отсто од акциите на оваа банка?

Во суштина, „Гранит“ за неколку промили купи помалку од 5 отсто од акциите во големата македонска банка и со тоа ја избегна обврската која ја имаат акционерите кои поседуваат 5 отсто акции во банка за што треба да добијат одобрение од НБРМ.

Информацијата за купување акции во „Комерцијалната банка“ изненади многумина акционери. „Гранит“ кој е голем клиент на „Комерцијална банка“. Продавач беше шведски инвестициски фонд кој поседуваше повеќе од 13 отсто од акциите со право на глас.

Најмногу акции купи токму „Гранит“, а освен оваа градежна компанија акции во „Комерцијална банка“ во оваа купопродажба како купувачи учествуваа уште три други домашни компании: градежната компанија „Адора Инженеринг“, ИГМ Трејд компанијата на Илија Гечев од Кавадарци и сервисната компанија „Индустри Сервисес“ од Скопје. 

Суштинската разлика меѓу „Гранит“ и трите други компании е во структурата на нивната сопственост. Имено трите други фирми се со силна концентрација на сопственост зашто имаат по еден или неколку сопственици. „Гранит“ за ралика од нив има повеќе стотини сопственици (физички и правни лица). Што ќе одбереа тие? Да купи менаџментот акции во „Комерцијална банка“ за 7 милиони евра, да им ги подели во дивиденда или да ги инвестира во дејноста? 

Веројатно ова прашање на претстојното акционерско собрание на „Гранит“ ќе го постави некој од неговите акционери...

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра