20 Мај, 2024
0.0267

Беслими: Корисно е Македонија да има аранжман со ММФ

Објавено во: Економија 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Задолжувањето на финансискиот пазар е далеку поскапо во однос на средствата кои би ги добиле доколку склучиме аранжман со ММФ. Но, познато е дека повеќето земји сакаат да имаат некаква соработка со ММФ, но само во крајна нужда прифаќаат да склучат аранжмани со ММФ, сметајќи дека на тој начин ќе ја одбегнат контролата на трошењата на јавните средства, вели универзитетскиот професор Сами Беслими.

Со оглед на делокругот на интерес на ММФ, т.е. подобрување на платно билансните позиции на земјата, Беслими мисли дека е корисно да имаме аранжман со ММФ, така што ставот на министерот за финансии го смета за избрзан. 

„Ние во моментот немаме посериозен проблем со солвентноста, но процесот на селење на капиталот, посебно на дел на странските компании во економско развојните зони е сосема извесен, додека прилив на средства други нови компании е успорен, така што можно е до крајот на годината да бележиме дефицит во финансиската сметка.

Малиот прилив на средства во капиталната сметка како и хриничното негативно нето салдо во тековната сметка со голема веројатност ќе бидеме принудени да пристапиме кон дополнително задолжување на финансискиот пазар. Здолжувањето на финансискиот пазар е далеку поскапо во однос на средствата кои би ги добиле доколку склучиме аранжман со ММФ.

Но познато ми е, повеќето земји сакаат да имаат некаква соработка со ММФ, но во крајна нужда прифаќаат да склучат аранжмани со ММФ, сметајќи дека на тој начин ќе ја одбегнат контролата на трошењата на јавните средства. Да заклучам, ние имаме потреба од аранжман со ММФ, оти средствата од ММФ се значително поевтини, ние треба да се придржуваме на препораките на ММФ , оти во крајна линија, нарушувањето на надворешната стабилност на домашната економија и секако може да влијае врз севкупната внатрешна стабилност.

Во однос за препораката за зголемување на старосната граница за пензионирање, сметам дека, дефицитот во Фондот за пензиско има можности да се покрие со зголемување на вработувањето (тешко остварливо), со зголемување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување или пак, со зголемување на старосната граница, со што барем за две години ќе запре приливот на нови пензионери.

Министерот за финансии не убедува дека имаме одлична соработка со ММФ и тоа е добро, но, ние имаме потреба не само од средства од ММФ, туку, имаме потреба и од совети и препораки од ММФ, оти, доброто управување со јавните финансии подразбира координација со меѓународните финансиски институции, во процесот на проектирање и реализација на макроекономските цели, а една од тие основни цели е одржување на макроекономската стабилност.

Соработката на техничко ниво со ММФ е само еден вид благодарност за досегашната соработка, со ветување дека ќе продолжиме да соработуваме, но во моментот аранжман со вас не ни е потребен. Кога би бил во позиција на министерот за финансии веројатно би бил повнимателен.“, посочува професорот Беслими.

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра