Австрија и Хрватска се првите земји кои прецизираа кога завршува заштитата од вакцините
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Август, 2021
Австрија и Хрватска се првите земји во Европа кои утврдија кога завршува заштитата од вакцините.
Ова го објави угледната британска платформа за тестирање на производи и услуги и заштита на потрошувачите, Which, пренесува Јутарњи. По 270 дена од втората доза или девет месцеи, веќе нема да се признава националната потврда за вакцинација. Објаснето е дека Британците нема да можат да патуваат во овие две земји кога ќе истече овој рок.
Австрија и Хрватска се првите туристички дестинации кои утврдиле кога стекнатиот имунитет од вакцините ослабнува. Досега земјите бараа вакцината да е примена најмалку две недели пред патувањето. Хрватска ќе ги земе в предвид потврдите дека лицето неодамна прележало ковид и ќе му се даде шанса за ПЦР тест.