19 Мај, 2024
0.0265

Атрактивни позиции отворени во PwC Macedonia, како да аплицирате?

Објавено во: Економија 06 Април, 2018

Добивај вести на Viber

PwC Macedоnia објави оглас за две нови отворени позиции на кои може да аплицираат сите заинтересирани кандидати кои ќе ги исполнат условите наведени во огласот. Инаку станува збор за компанија која е дел од моќна мрежа од над 236.000 професионалци во 158 земји во светот. Професионалци посветени на градењето на квалитетот на услугите во областа на ревизија, даноци, консултантски услуги како и услугите од областа на ИТ.

Од PwC Macedоnia порачуваат дека доколку сакате да биде дел од промената да се пријавите на следните огласи.

Отворени позиции:

1. Консултант во одделот за сметководствени услуги и известување за клиенти – реф. Бр. 25765BR

  • Дипломиран економист;
  • Минимум три години работно искуство во областа на сметководство, во следните индустрии: финансиски институции, производство, производство на производи за широка потрошувачка (FMCG) и/или работа во сметководство по можност во меѓународна компанија;
  • Одлично познавање на локалните сметководствени стандарди, сметководствената пракса , како и законските прописи на известување;
  • Познавањето на МСФИ стандардите е задолжително;
  • Напредно познавање на MS Office ќе се смета за предност.

2. Практикант во одделот за сметководствени услуги и известување за клиенти – реф. Бр. 25766BR

  • апсолвенти или дипломирани економисти;
  • работно искуство не е неопходно.

Дополнителни барања:

  • течен македонски јазик и одлично познавање на англиски јазик;
  • способност за тимска работа;
  • познавање од работа со компјутери;
  • амбициозна личност со способност да работи во различна и динамична работна околина;
  • флексибилност и желба за патување во регионот и пошироко.

Што се нуди:

  • комплетна програма за прилагодување и вовед во работата;
  • утврден систем на „пријател“ и „ментор“ за нововработените ;
  • програма за постојан личен и професионален развој;
  • динамична и атрактивна работна околина;
  • комплетна програма за бенефиции на вработените;
  • интернационални ангажмани и можности за работа во други канцеларии на PwC.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме аплицирајте најдоцна до 16 април 2018. Линк за аплицирање ќе најдете на нашата веб-страна (www.pwc.com/mk), во делот Careers (во Student and Graduates jobs или Experienced jobs секцијата побарајте ги референтните броеви за позициите).

* Апликациите испратени по пошта, или на нашата е-mail адреса нема да бидат земени во предвид, е наведено во условите објавени на повиокот од страна на PwC Macedonija.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра