10 Мај, 2024
0.0244

Атлантик во првите девет месеци од 2017 година оствари раст на приходите и профитабилноста

Компанијата порасна на сите главни пазари и бизнис области

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во првите девет месеци од 2017 година, Атлантик Група оствари вкупен приход од продажба од 531,1 милиони евра, што претставува зголемување за 4,4 отсто во споредба со истиот период од 2016 година. Добивката пред камати, даноци и амортизација изнесува 59,2 милиони евра, што претставува зголемување за 5,1 проценти, додека нето добивката по малцински интерес се зголеми за 2,8 проценти на 31,9 милиони евра. До крајот на годината, компанијата очекува дополнително проширување на дистрибутивните портфолија и да продолжи стабилниот раст на севкупниотбизнис.

Фокус на брендовите и квалитетно управување

Покрај одличните деловни резултати, првите девет месеци беа обележани со дезинвестирање на производствениот  сегмент на спортска исхрана и фокусирањекон развојотна брендираното работење. Во двете фабрики, во германскиот Блекеде, како и во Нова Градишка, кои беа преземени од страна на белгиската компанија Aminolabs, продолжува договорното производство на асортиманот на спортската исхрана на Атлантик.

Проблемите во кои се најде нашиот најголемклиент, Агрокор, целосно се надоместени со проширена соработка со други малопродажни партнери. Наплатата на долговитеод компаниите од  системот на Агрокор во Србија, Словенија и Хрватска е редовна, со исклучок на т.н.граничен долг во Хрватска (кој е покриен од страна на т.н. операција Лекс Агрокор). Според изкажаната намера на вонредниотуправник, остатокот од долготот ќе се подмири во целост, како што и се очекуваше од страна на Атлантик.

"Атлантик Група во првите девет месеци од оваа година продолжи да остварува извонредни бизнис резултати, првенствено преку подобрување на приходите и профитабилноста, со раст постигнат во речиси сите деловни сегменти и на сите поголеми пазари. Стратешкото партнерство со белгиската компанија Aminolabs ни овозможи и понатаму да се фокусираме на сопствените брендови и да продолжимесо преструктуирање на Стратешката бизнис област Спортска и активнаисхрана и изврши голем број на активности за поголема профитабилност и фокусиран пристап кон западноевропските пазари. Растот на вкупниот бизнис, одличното управување со ликвидноста и континуиранотонамалување на долгот ни обезбеди одлична основа за уште побрз и посилен раст", коментира Емил Тедески,претседател на Управниот одбор на Атлантик Група.

Раст на бизис и дистрибутивните области

Вкупниот раст на продажбата на Атлантик Група во првата половина од годината беше во голема мера под влијание на стратешките бизнис области: Пијалоци со раст од 8,1%, Деликатесни намази со раст од 7,9%, Здравје и нега со раст од 6,8% и Слатко и Солено со раст од 5,7 отсто, како и од Стратешката дистрибутивна област Хрватска, која порасна за 7,2 отсто, а Стратешкатадистрибутивна област Србија забележа раст од 3,7 отсто. Кафето, со 20,1 проценти од своето учество во вкупните приходи, се издвојува како најголема поединечна категорија со 106,5 милиони евра приходи од продажба. Сопствените стокови марки на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 67,6 проценти, дистрибуцијата на стокови марки на принципали со 20,8 проценти, ланецотФармација со 7,3 проценти, а производите кои Атлантик Група ги  произведува како приватни стокови марки за големи деловни системи во земјата и во странство со 4,4 проценти.

Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните