20 Мај, 2024
0.0284

АНАЛИТИЧАРИ: Цените ќе бидат стабилни, економијата годинава ќе падне, ама после ќе закрепнува

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Народна банка на Македонија ја објави Анкетата што ја направила за инфлациските очекувања, но и за очекувањата за движењата на бруто-домашниот производ во земјава. 

Велат дека нема позначителни промени во очекувањата на економските аналитичари. Тие и натаму очекуваат умерена, ниска и стабилна инфлација. Во однос на економскиот раст, аналитичарите очекуваат постепено надминување на кризата и закрепнување на економијата во следните две години. Заклучоците од оваа анкета ги претставуваат ставовите на испитаниците - економски аналитичари.

Народната банка ги објави резултатите од најновата Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП, спроведена во септември оваа година со анкетирање економски аналитичари од земјата.

Резултатите од Анкетата не упатуваат на позначителни промени во очекувањата на анкетираните економски аналитичари за просечната стапка на инфлација. 

Поконкретно, просечните очекувања за 2020, 2021 и 2022 година се речиси непроменети во однос на претходната анкета спроведена во јуни и упатуваат на просечна стапка од 0,6 отсто во 2020 година, додека за 2021 и 2022 година и натаму посочуваат на просечна инфлација од 1,3 и 1,6 проценти, соодветно. 

Оттука, и оцените на анкетираните економски аналитичари упатуваат на очекувања за ниска и стабилна инфлација, како до крајот на оваа година, така и во претстојниот двегодишен период, со постепен раст на цените.

Во следните две години, испитаниците очекуваат постепено надминување на кризата и закрепнување на економијата. 

Во поглед на економската активност, во споредба со претходната анкета, анкетираните аналитичари очекуваат подлабок пад на домашната економија оваа година од 4,3 отсто, но и нешто повисок економски раст во 2021 и 2022 година од 2,7 и 3,4 проценти, соодветно. Слично како и во претходната анкета, ваквите очекувања се поврзуваат со: неизвесноста од глобалната криза од вирусот ковид-19 и можноста за воведување нови рестриктивни мерки за справување со него, неизвесната странска побарувачка и нејзиното влијание врз домашната економија, намалувањето на домашната побарувачка, како и воздржаноста на странските и домашните инвеститори и пониската кредитна активност. 

Од друга страна, аналитичарите очекуваат дека преземените монетарни и фискални мерки, напредокот во евроатланските интеграции и оптимизмот за пронаоѓање на вакцината којашто би била ефикасна за справување со корона-вирусот, како и забрзаното остварување на капиталните проекти ќе имаат позитивно влијание врз економијата во наредниот период и ќе придонесат за посткризно забрзување на нејзиниот раст.

Заклучоците од оваа анкета којашто Народната банка ја спроведува четирипати годишно ги претставуваат ставовите на испитаниците економски аналитичари, велат од централната банка.

Можеби ќе ве интересира

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание