10 Мај, 2024
0.0310

Ако се одложат изборите, во Македонија ќе има политичка криза?

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Земјата влегува во неизвесен период. 

Доколку не се распушти Собранието, Македонија ќе влезе во нова криза. 

Ова е ставот на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека бега од избори. 

Мицкоски инсистира Собранието да се распушти на 12 февруари. 

Техничкиот премиер Оливер Спасовски повика да надвладее разумот и да се донесе Законот за јавно обвинителство.

Спасовски синоќа во интервју за Телма изјави дека се надева дека изборите ќе се одржат на 12 април. Нагласи дека општиот интерес е најважен. 

И Заев претходно изјави дека Собранието нема да се распушти предизборно додека не се изгласаат реформските закони, меѓу кои и тој за Јавното обвинителство. 

ВМРО-ДПМНЕ бара нов закон за ЈО изготвен од професори.

Спикерот Талат Џафери вчера посочи дека Собранието би можело да се распушти најдоцна 51 дена пред одржување на изборите.

Откако минатата година во Брисел, Македонија не доби датум за преговори со ЕУ, падна договор за одржување на избори во април. Сега изборите стануваат неизвесни. Од ЕУ бараат што поскоро да се донесе Законот за ЈО. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија