Спасовски не е сигурен дека на 12 април ќе има избори?
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2020
Премиерот Оливер Спасовски, вечерва во интервју на Телма, изјави дека многу поважен е општиот интерес, отколку нешто друго, и додаде дека се надева дека избори ќе има на 12 април.
Според него, некои прашања треба да се затворат со консензус, а не е важно, кој кого ќе надмудри.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска изјави дека Собранието нема да се распушти предизборно додека не се изгласаат реформските закони, меѓу кои и тој за Јавното обвинителство.