19 Мај, 2024
0.0267

„Абер дојде Донке“! Кој прогнозира јавно дека акцијата на „Комерцијална банка“ ќе оди до 8.000 денари?

Објавено во: Економија 15 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Една инвестициска банка која е специјализирана за пазарите во развој на Југоисточна Европа објави анализа за акцијата на „Комерцијална банка“. Таа информација очевидно ги возбуди нашите инвеститори, а реакција на нивните акции е : промет со акцијата на КМБ од милион евра за пет дена и раст на пазарната цена за речиси 10 отсто!

Јагма по акцијата на „Комерцијална банка“. Вака најнародски би можеле во три збора да го синтетизираме новиот катализатор за вкупниот раст на Македонската берза за хартии од вредност. Да ги видиме само најсвежите краткорочни податоци. Во периодот од трети септември до петок (11 септември) во период од пет трговски дена акцијата на „Комерцијална банка“ направи промет во класично тргување од еден милион евра. И тоа со раст на пазарната просечна цена од речиси 10 отсто. Акцијата на 3 септември имаше пазарна просечна цена од 6.415 денари за акција, а вчера на 14 септември просечната цена да изнесува 6.918 денари, а последната пазарна цена на акцијата да достигне 7.000 денари. Податоците се достапни на следниот линк https://www.mse.mk/mk/stats/symbolhistory/KMB

Зошто порасна пазарната цена на „Комерцијална банка“?

Голема е веројатноста дека главен катализатор за зголемениот обем на тргување на акцијата на „Комерцијална банка“ проследено со силно изразен ценовен раст на таа акција е во веста што дојде деновиве до нашата инвесторска заедница. Имено, најкратко кажано, за прв пат во нашата корпоративна историја имаме јавно достапни податоци за финансиско-техничка анализа за акција која котира на нашиот пазар. Анализата за „Комерцијална банка“ е објавена на 10 септември годинава и „потпишана“ е од Wood & Company инвестициска банка со седиште во Чешка која е специјалирана за пазарите во развој во Југоисточна Европа и е една од водечките инвестициски банки за овој регион (повеќе за оваа финансиска институција на следниот линк www.wood.cz )

Најважно, во кратки црти, дадено во анализата која е достапна на 32 страници, е тоа што тие препорачуваат купување на оваа акција и прогнозираат ценовно ниво до 8.000 денари за акција. Целата анализа е достапна на следниот линк https://listed-sme.com/en-GB/report на кој можат да се најдат „четива“ и „препораки“ и за други силни компании чии акции се листани на берзи од нашиот регион и седиштата на компаниите се во: Бугарија, Словенија, Романија, Србија и Хрватска. „Комерцијална банка“ е единствената компанија за која има анализа од нашите акционерски друштва чии акции котираат на Македонската берза за хартии од вредност. Целата анализа може да ја прочитате на следниов линк https://listed-sme.com/CMS/Documents/b26f6857-7044-4688-b487-646e5fad15ef.pdf


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра