10 Мај, 2024
0.0256

Успешнo заврши кампањата „Хранете се здраво за детство среќно и убаво“

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Околу 400 дечиња од приватни и државни едукативни детски установи беа дел од кампањата „Хранете се здраво за детство среќно и убаво“, поддржана од ПРОБаланс, која во изминативе два месеци ја реализираше хрватската фармацевтска компанија ПхармаС.

Низ директна едукација и интеракција со стручни лица и забава со маскотата ФармаСко, децата добија јасна слика за тоа што се бактерии, кои се добри, односно кои се лоши бактерии. Исто така, дечињата имаа можност, низ уметнички цртежи, да изразат што научиле и како ја доживеале маскотата ФармаСко. Дел од цртежите на овие дечиња беа изложени на детската креативна работилница, како последен настан, кој викендов се одржа во рамки на Фестивалот за деца и родители во Скопје Сити мол.

„На оваа работилница децата и нивните родители имаа можност повторно, сите заедно, да се дружат и да научат за добрите бактерии, како да се хранат здраво, што значи здравјето и како да го одржуваат. Ова е период на променливо време и затоа, ги едуцираме како да го одржуваат својот имунитет, како помалку да користат антибиотици, како здраво да се хранат, да излегуват на чист воздух, физички да бидат активни“, вели Филип Ачкоски, регионален директор на ПхармаС за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово. 

Покрај креирањето уметнички дела, дечињата имаа можност да ја погледнат и изложбата од дела направени во текот на едукативната кампања по државните и приватни едукативни предучилишни установи.

„Нашата изложба со цртежи е само мал доказ за прифатеноста и разбирањето на темата на едукативните часови. Се надеваме дека ќе ги применуваат советите кои беа пренесени од нашите стручни лица“ вели Кирил Пецевски, регионален менаџер на ПхармаС.

Според Пецевски, есента е период во кој се актуелни вирусни и бактериски заболувања, лош воздух, честа употреба на антибиотици, и сите овие фактори придонесуваат за намален имунитет. Но добрата едукација и укажување на начините за превенција на заболувањата како што се одржувањето на личната хигиена, добро измиените зеленчук и овошје, доволниот влез на витамини и минерали ќе го намалат бројот на заболени дечиња, возрасни како и сеопштото здравје.

„Континуираната едукација за нужноста од постојано одржување на имунитетот, а со тоа и на здравјето, е нешто што ние како компанија постојано го промовираме, за што говори и фактот дека оваа година организиравме и спроведовме две кампањи. Првата, спроведена оваа пролет, беше насловена како „Немате време да бидете болни“ и втората есенва, насловена како „Хранете се здраво за детство среќно и убаво“, вели Ачкоски.  


Можеби ќе ве интересира

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“