26 Април, 2024
0.0269

Зошто „Макпетрол“ е најпосакувана акција на нашата берза

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Акцијата на најголемата компанија на малопродажба на нафтени деривати ја допре психолошката граница од 80.000 денари и деновиве заради ехото од позитивните вести е најпосакуваната акција на нашиот пазар

Акцијата на „Макпетрол“ деновиве е една од најтргуваните и најпосакуваните хартии од вредност на нашата берза за хартии од вредност. Таа деновиве се тргува на психолошката бариера од 80.000 денари за акција што е рекордна цена за период од една година наназад.

Освен тоа што оваа акција генерално важи за „блу чип“ е посакувана за инвеститорите независно дали се тие институционални инвеститори или се физички лица, на краток рок три се главните причини заради кои акцијата на „Макпетрол“ деновиве е можеби најпосакуваната хартија од вредност на понудата на нашиот пазар за хартии од вредност. Во оваа кратка анализа „Фактор“ ќе ги наведе причините, но нема да ги класифицира според импакт-фактор односно влијание за растот на цената.

Прво, генералниот амбиент на нашиот пазар на капитал е таков што инвеститорите стануваат видно расположени зашто очекуваат конечно да добиеме датум за старт на преговорите со Европската унија, политички настан што создава реална стартна основа за намалување на политичките и економските ризици во нашата земја.

Второ, „Макпетрол“ од понеделник до среда во два наврати извести дека купува акции во сопствен откуп. Станува збор за вложување вредно над половина милион евра во 453 акции со право на глас со кои износот на сопствени акции во структурата на „Макпетрол“ стигна до 8,06 отсто од акциите со право на глас. Истовремено беше објавено и дека еден од членовите на Управниот одбор се стекнал со сопствени акции. Овие две информации беа позитивно интерпретирани од инвеститорската заедница и значеа сигнал дека „Макпетрол“ е во процес на сопственичка консолидација што е знак дека треба да се вложува во таа акција зашто е извесно дека нејзината пазарна цена ќе расте заради тоа што се намалува „фри флоутот„акции на понуда на Официјалниот пазар.

Третата значајна вест дојде минатиот месец кога Владата најави дека има намера да го реши долгогодишниот спор со „Макпетрол“ за сопственоста во ГА-МА претријатие што ја поседува инфраструктурата т.е. преносниот гасоводен систем. На начин што Владата во ребалансот издвои пари да ги откупи акциите на „Макпетрол“. Оваа вест исто така беше охрабрувачка за вложувачите во акции кои ја процесираа на начин што таа ќе донесе кеш на „Макпетрол“ кој ќе ја зголеми неговата вредност или евентуално ќе биде поделен во дивиденда.

*Фактор Портал поседува 10 акции во „Макпетрол“

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија