18 Јуни, 2024
0.0866

Зошто Доналд Трамп најверојатно ќе биде избран за претседател?

Објавено во: Свет 07 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп ќе биде избран за претседател. Американскиот народ гласаше за него пред многу време, коментира Мајкл Розенберг, телевизиски продуцент и основач и прв претседател на „New York Times Television“ за „The Huffington Post“.

Тие гласаа за него, кога „The History Channel“ започна да емитува емисии како „Заложничка куќа“ и „Луѓето од мочуриштата“ наместо документарци за Втората светска војна.

Тие гласаа за него, кога „The Discovery Channel“ започна да ги емитува „Голи и уплашени“ наместо „Изгубени богатства на долината Јангце“.

Тие гласаа за него, кога „The Learning Channel“ (TLC)  го префрли фокусот од она што можете да дознаете за емисии како „Моето 300 килограмово тело“.

И гласаа за него, кога CBS започна да го емитува „Big Brither“ наместо „Harvest of Shame“.

Овие телевизии не направија промени во програмите случајно. Тие одговорија на тоа што американскиот народ навистина го сакаше.

Анкетите може и да покажуваат дека Доналд Трамп губи пред Хилари Клинтон, но не верувајте им на овие анкети. Кога социолошката компанија „Nielsen“ избира нови групи за студии за гледање ставови, таа ги игнорира резултатите во првите три месеци.

Причината? Кога чувствуваат дека се набљудувани, луѓето лажат за она што навистина го гледаат на телевизија. Во првите три месеци, знаејќи дека се забележани, тие ќе вклучуваат PBS. Но со текот на времето се заморуваат и повторно почнуваат да го гледаат реалното шоу на фамилијата Кардашијан.

Истото важи за луѓето испитаници со прашањето за кого ќе гласаат. Тие нема да кажат „Доналд Трамп“. Премногу срамно е. Но, вистината е дека им се допаѓа Трамп. Тој е исто како нивните омилени телевизиски емисии. Бесмислено забавен.

Промената на Пол Манафорт со Стив Банон покажува дека Трамп разбира како навистина мислат Американците. Тие мислат телевизиски. Мислат во рејтингот. Мислат во забава.

Ние сме култура заснована на телевизија, пишува Розенберг. И сме такви некое време. Просечниот Американец поминува по 5 часа на ден, секој ден, пред телевизорот. По спиењето тоа е акција број еден.

Пошокантно е дека Американците поминуваат 8,5 часа на ден гледајќи екрани - телефони, таблети, компјутери. И се поголема од содржината на овие уреди, исто така е видео и телевизија.

Ако потрошите помеѓу 5 и 8 часа дневно, и тоа секојдневно, со години, правејќи го истото, тоа ќе има влијание врз вас. Во последните 40 години сме одделување помеѓу 5 и 8 часа дневно, гледајќи екран, вели Розенберг. И не го гледаме „Судијата Џуди“. Гледаме реални шоуа. Тоа е она што го сакаме. Во тоа се наоѓаме, додава тој.

Французите може да ја сакаат храната, Италијанците - операта. Она што Американците го сакаат, е телевизија. САД е култура на телевизијата. Таа одредува кои сме ние, пишува Розенберг.

Во 50-те години раните телевизии добиваа дозвола, иако со многу ограничувања, да бидат набљудувачи за време на политичките конгреси. Тие се „ѕидовите кои имаат уши“, внимателно и тивко коментирајќи го она што го гледаат. Не се заробени во процесот. Денес тие се процесот. Денес политичките конгреси не се ништо повеќе од внимателно режирани телевизиски шоуа. Како и „дебатите„. Тие постојат само за да ја забавуваат телевизиската публика. Телевизијата и забавата сега ги диктира сите политики. А тоа е едно шоу без крај. Најголемото реално шоу во етерот, смета Розенберг.

Доналд Трамп е одлична телевизија. Тој знае како да се забавува. Секако рејтингот. Хилари Клинтон е контра телевизија. Таа може да е попаметна, подобро подготвена, подобар политичар. Но тоа не е важно. Таа е ужасно забавна.

Така стојат работите. Разочарувачки, но е вистина.

Тој е Ким Кардашијан. Таа е Џуди Удруф.

Кој добива подобар рејтинг? Кој би сакале да го гледате во следните четири години, прашува Розенберг.

Во 1825 година големиот француски гурманист Бријт-Саварен вели „Кажи ми што јадеш и ќе ти кажам каков си“. Денес во Америка можеме мирно да го смениме со пораката „кажи ми што гледаш и ќе ти кажам каков си“.

А што гледаме? Сигурно не се вестите на „PBS“, заклучува тој.

Можеби ќе ве интересира

БРАК СО АМЕРИКАНЦИ: Шанса за илегалните имигранти да добијат американско државјанство

БРАК СО АМЕРИКАНЦИ: Шанса за илегалните имигранти да добијат американско државјанство

МЛАДИТЕ ГЕРМАНЦИ ИМААТ СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Скоро половина се пожалиле

МЛАДИТЕ ГЕРМАНЦИ ИМААТ СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Скоро половина се пожалиле

БРИКС СЕ ШИРИ: Уште една земја се спрема да се приклучи

БРИКС СЕ ШИРИ: Уште една земја се спрема да се приклучи

ТРАГЕДИЈА ВО ЕКВАДОР: седум лица загинаа при лизгање на земјиште по обилните дождови

ТРАГЕДИЈА ВО ЕКВАДОР: седум лица загинаа при лизгање на земјиште по обилните дождови

Зошто европските лидери го одложија договорот за највисоките позиции во ЕУ

Зошто европските лидери го одложија договорот за највисоките позиции во ЕУ

ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ ЗА БЕБЕШКА КОЗМЕТИКА ПРИЗНА: Производот предизвикува сериозни болести

ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ ЗА БЕБЕШКА КОЗМЕТИКА ПРИЗНА: Производот предизвикува сериозни болести

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ СЕ ТРИ ПЛАЖИ ВО ШПАНИЈА: Ајкули ги исплашија туристите

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ СЕ ТРИ ПЛАЖИ ВО ШПАНИЈА: Ајкули ги исплашија туристите

КИЛИЈАН МБАПЕ: Младите да не дозволат екстремната десница да дојде на власт во Франција

КИЛИЈАН МБАПЕ: Младите да не дозволат екстремната десница да дојде на власт во Франција

ЕДЕН ЧОВЕК ПОЧИНА, НЕКОЛКУ СЕ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА: Топлотен бран ги зафати Кипар, Грција и Турција

ЕДЕН ЧОВЕК ПОЧИНА, НЕКОЛКУ СЕ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА: Топлотен бран ги зафати Кипар, Грција и Турција