20 Мај, 2024
0.0287

Златен Даб Dark – Вистинско темно пиво

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Златен Даб Dark е темно пиво од Прилепска Пиварница. Создадено според германска традиционална рецептура на најголемите пивски мајстори за темно пиво, Златен Даб Dark се карактеризира со специфичка арома, текстура, неодолив балансиран вкус на карамела, мирис на кафе и деликатен чоколаден финиш.

Златен Даб Dark е производ на стратешко партнерство на Прилепска Пиварница со Кухел Бауер, една од најстарите и најреномирани германски пиварници, со своја традиција која потекнува дури од 14-от век.

dab dark

„Прилепска Пиварница со новиот Златен Даб Dark влегува во следната фаза од своето постоење. Комбинација на искуство, посветеност и знаење на врвни мајстори на пивото сега е преточена во вистинско темно пиво на македонскиот пазар. И овој пат, при создавањето на Златен Даб Dark приоритет ни беше создавање на пиво што ќе ги има најавтентичните карактеристики на вистинско темно пиво. Бидејќи на тема на квалитетот и оригиналноста кај нас нема компромис, заеднички со нашиот стратешки партнер – Пиварница Кухел Бауер направивме врвен производ во кој се вградени соодветни изворни суровини и применета е посебна технологија за производство на вистинско темно пиво. Се надевам дека вистинските љубители на темно пиво ќе се уверат во ова“, изјави Панде Самарџиоска, заменик генерален директор на Прилепска Пиварница.

За германската пиварница стратешкото партнерство е чест и задоволство соодветно на реномето на Прилепска Пиварница на европските пазари.

dab dark 3

„Ова партнерство е од огромно значење како за земјите така и за целосната свесност за развојот на пивската култура. Златен Даб Dark, првиот производ што произлегува од ова партнерство е специјално направено темно пиво, создадено со многу страст за пиво и посветеност на секој детаљ. Нè радува што сме избрани за партнери на Прилепска Пиварница, која важи за пиварница со голема традиција и експертиза во производство на лагер пива, а која сега со лансирањето на првото вистинско темно пиво на македонскиот пазар, Златен Даб Dark влегува во следната фаза од својата иднина. Нестрпливи сме за следните нови заеднички предизвици во промовирањето на пивската култура во земјава“, изјави Хајнрих Шоенбергер, комерцијален директор на Кухел Бауер.

dab dark 2

Пивото беше промовирано во рамките на Академијата за пиво што по третпат се организира од Прилепска Пиварница. Целите на оваа Академијата останаа фокусирани на промовирање на пивската култура и едукација за карактеристиките, влијанието на состојките врз вкусот на пивото и бенефититe. Специјален гостин предавач и оваа година беше врвниот пивски сомелиер д-р. Михаел Цеф кој посебен осврт даде на едукацијата за темните пива.

dab dark 4

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО