20 Мај, 2024
0.0275

Зголемен интересот на компаниите за доедукација на вработените и подобрување на конкурентноста на работната сила

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Расте интересот на компаниите за поголема едукација и дообука на вработените, во насока на подобрување на конкурентноста на работната сила и на компаниите во целина. На денешната работилница што се одржа во Стопанската комора на Македонија, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, новите можности од програмата „Еразмус плус“ за искористување на едукативните програми беа презентирани пред бизнис заедницата.

На работилницата беа претставени можностите од новиот конкурс за апцилирање за програмите што ги нуди Еразмус плус за чија реализација Европската комисија стави на располагање 4,7 милиони евра.

„Ова е втора година во која Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира работилници заедно со компаниите, а со цел вклучување на деловната заедница во програмата Еразмус плус. Она што е особено важно е  да се нагласи  дека во текот на 2015 година по организирањето на претходните работилници веќе имаме корисници компании од Р. Македонија  во програмата Еразмус плус. Компаниите членови на Стопанските Комори, ќе се запознаат со можностите кои ги нуди програмата Еразмус плус, а се со цел збогатување и надоградба на вештините и компетенциите на кадарот што е предуслов за поголема конкурентност на пазарот на труд.“ - изјави директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилнос, Дарко Димитров.

Досега шест компании од Македонија ги искористиле можностите што ги нудат овие едукативни програми и главно тие се насочени кон програмите за стратешко партнерство за образование за возрасни. Претежно тие се од земјоделската и информатичката индустрија.

„Интересот на компаниите за користење на придобивките од овие програми расте и се повеќе компании се интересираат за можностите. Особено интерес има за стекнување на нови меѓународни искуства на други пазари. Преку овие работилници ние ќе се обидеме на што повеќе компании да им ги доближиме можностите и грантовите што ги нуди „Еразмус плус програмата“, изјави Јадранка Аризанкова виш советник во Стопанската комора на Македонија.

Покрај работилницата во Стопанската комора на Македонија во рамките на караванот „Еразмус плус“ чија цел е промоција на можностите пред заинтересираните публики, ќе се организираат два ECVET семинари, конференции во Скопје, Валоризациона конференција во Скопје, АТОК семинар во Скопје, обуки за волонтери кои ќе се одржат во Скопје, е-Твиниг семинар во Охрид, ЕВРИДИКА конференција и ЕУРОПАС семинар.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО