19 Мај, 2024
0.0264

ЖЕШКА трансакција - 45 милиони денари вложени во Киро Дандаро

Објавено во: Економија 05 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Нова жешка трансакција е регистрирана на Македонска берза откако во блок трансакција се вложени импресивни 45 милиони денари или околу 735 илјади евра во познатата печатница Киро Дандаро АД Битола. 

Според информациите кои ги објави Македонска берза во блок трансакцијата со акциите на Киро Дандаро АД Битола вложени се вкупно 45.223.795,36 денари, платена е цена од 861,34 денари за една акција, а овој пакет на акции претставува 52.504 % од основната главнина. 

Тоа значи дека ентитетот кој стои зад оваа блок трансакција со вложените 735 илјади евра станува нов доминантен сопственик на Киро Дандаро Ад Битола и со овие обични акции преземени на слободен пазар ќе може да ја води политиката на компанијата. 

Киро Дандаро АД Битола како печатница со голем капацитет е присутна како на домашниот, така и на странскиот пазар, а во минатото често беше ангажирана од Државната изборна комисија за печатање на гласачките ливчиња и избирачкиот материјал. Киро Дандаро АД Битола е секако, присутна и во комерцијалниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?