ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА: Од корона бројат жртви како во војна
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Декември, 2020
Во Италија бројот на починати од коронавирусoт е како во војна.
Претседателот на државниот институт за статистика, Карло Блањардо, изјави дека годинава во државата ќе има околу 700.000 смртни случаи, скоро сто илјади повеќе отколку лани.
„Тоа е како бројот на жртви во војната, последен пат во Италија беше забележан таков број на смртни случаи во 1944 година“, изјави Блањардо за телевизијата РАИ.
Весникот „Ил Фато Котидијано“ коментира дека неговите зборови ја потврдиле споредбата што новинарите и научниците често ја користат кога пишуваат за коронавирусот.
Џузепе Иполито, научен директор на најпознатата болница за заразни болести во Рим и член на италијанскиот Техничко-научен комитет, издаде сериозно предупредување пред празниците, како кон оние што ќе одлучат за „заклучениот“ Божиќ во Италија, така и на граѓаните, за последиците од премногу релаксација.