20 Мај, 2024
0.0417

Здравје Радово стартуваше со кампањата „Здравје во твои раце“

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Оваа активност, која е само старт на нашата мисија да допринесеме кон влијанието на луѓето, за многу повеќе здрави навики, општествена одговорност но и вклучувањето на јогуртот во секојдневната исхрана -еден од најздравите пијалоци, направи многумина среќни. Вчера забележавме многу искрени детски насмевки, а тоа за нас е најголемата сатисфакција. – изјави Александар Блажевски, односи со јавност во Здравје Радово

Вчера, 05-ти јули, на Кејот на реката Вардар, се одржа настан кој ги обедини сите поборници за здрав живот, вљубеници во велосипедизмот, како и зависници од спортот и здравите навики.

zdravje radovo

“Оваа активност, која е само старт на нашата мисија дадопринесеме кон влијанието на луѓето, за се повеќе здрави навики, општествена одговорносткако и вклучувањето на јогуртот во секојдневната исхрана - еден од најздравите пијалоци, направи многумина среќни. Вчера забележавме многу искрени детски насмевки, а тоа за нас е најголемата сатисфакција.” – изјави Александар Блажевски, односи со јавност во Здравје Радово

На самиот настан се реализираше и акцијата Веледарност, во која беа донирани велосипеди за најмладите од социјално загрозените семејства.

zdravje radovo 8

,,Ова е одлична иницијатива на ,,Здравје Радово”, преку која се допринесува за поздрави генерации, нивно рекреирање, стекнување навика за консумација на јогурт, уживајќи во благодетите на спортот во комбинација со здравиот напиток. За таа цел се вклучивме во овој настан како помагачи за остварувањето на донацијата на Здравје Радово, односно донацијата на велосипеди на најмладите членови на социјално загрозените семејства. – изјави Јовица Велјановски од здружението “Единствена Македонија”.

zdravje radovo 6

,,Здравје во твои раце” беше неколку часовно дружење на сите рекреативци и сите оние кои сакаат да спортуваат и да одржуваат здрави навики како и здрав начин на живот.

“Несебично се приклучивме кон иницијативата на Здравје Радово, со цел да помогнеме на сите што сакаат да научат правилно да возат велосипед, но и да помогнеме и да ги израдуваме многудетните семејства кои се од социјално загрозен тип.” – изјави Дарко Арсовски од “На Точак”.

zdravje radovo 7

,,НаТочак”, ,,Единствена Македонија” и ,,Здравје Радово” се главните виновници и поборници за оваа иницијатива која треба да премине во традиција која ќе им покаже на најмладите дека возењето на велосипед  и консумацијата на јогурт се здрави навики кои се многу значајни за нив.

zdravje radovo 5

Здравје Радово најави уште неколку вакви активности за ова лето во Скопје, Охрид и уште неколку локации низ Македонија.

[gallery columns="2" ids="165811,165810,165809,165808"]

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО