19 Мај, 2024
0.1485

Здравите организми успешно ќе се изборат со коронавирусот, на удар се пациенти со тешки здравствени состојби

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Новиот корона вирус ќе нападне дури 60 до 70 проценти од населенеието, но ако е тоа на подолг временски период, нема да дојде до колапс на здравстевните системи на која било земја, велат лекарите. Нагласуваат дека во тој период посебно на удар се најранливите групи пациенти кои имаат сериозни медицински состојби, бидејќи развојот на болеста кај нив, најчесто завршува со смртни последици, за разлика од здравите организми, кои успешно би го победиле вирусот.

Д-р. Искра Битовска, специјалист ендокринолог, од Клиниката за ендокринологија, вели дека пациентите со дијабетес се посебно ризична група, бидејќи освен што се борат со дијабетесот, тие најчесто имаат и други медицински состојби, како што се висок крвен притисок, кардиоваскуларни заболувања и други здравствени проблеми.

-Токму затоа ние ги советуваме нашите пациенти стриктно да се придржуваат до мерките за заштита. Посебно на удар се пациентите кои се на инсулинска терапија. Доколку некој од нив се разболе сега од коронавирусот, клиничката состојба е многу тешка, инфекцијата се развива многу побрзо, и за жал често пати завршува фатално, вели д-р. Битовска.

Појаснува дека, бубрежно болните пациенти, особено оние кои се на дијализа, луѓето со хронични болести чии имунет е намален заради лековите кои мораат да ги земаат за основната болест, пациентите со леукемии, карциноми, во овој период треба да се посебно внимателни. За нив, инфицирањето со Ковид-19, би можел да биде смртоносен.

-Во светски рамки, сите досега починати пациенти од коронавирусот се пациенти повозрасни пациенти со ваквите тешки здравствени проблеми, вели д-р. Битовска.

Со смртни последици, најчесто би завршило инифицирањето со коронавирусот, особено и кај пациентите со хронично респираторни заболувања. Професор Томе Стефановски, специјалист пулмоалерголог, вели дека сите вирусни инфекции ги напаѓаат белите дробови, па затоа и најголемиот дел од смртните случаи и од сезонскиот грип се луѓе со вакви заболувања.

-Сите пациенти со хронични респираторни болести, ХОББ, астма, хронични и ацистични фибрози, се на удар од сите вирусни заболувања, па така е сега и со новиот корона вирус. Треба посебно да се внимателни. Доколку се заразат,  состојбата кај нив би била исклучително тешка и во најголем број случаи завршува со смрт.

Лекарите посебно советуваат, пациентите со хронични респираторни болести во наредниов период, кога се очекува пикот на корона вирусот да немаат никаков контакт со други луѓе и посебно да внимаваат на хигиената. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична