26 Април, 2024
0.1693

ЗАВРШИЈА НА СУД: Србинка и нејзиниот син заработиле скоро два милиони евра во Австрија

Објавено во: Свет 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Хигиеничарка и нејзиниот невработен син во Виена заработија речиси два милиони евра, па завршија на суд.

Австриските медиуми пишуваат дека единствениот збор со кој споменатите преведувачи имале проблем бил „данок“. Ниту мајката, ниту пак синот, со години не плаќале данок на заработените пари, па „колегите“ од полицијата морале да ги гонат поради негово затајување.

Весна Д. (53), хигиеничарка од Србија, и нејзиниот невработен син Драган Д. (36) заработиле преку 1,9 милиони евра со хонорарна работа како преведувачи за австриската полиција, а неодамна двајцата се гонат поради неплатен данок на приход, објави српски „Блиц“.

Оваа неверојатна приказна започнала во 2006 година кога полицијата во Виена регистрирала зголемен број на криминални дела направени од страна на луѓе со потекло од балканскиот регион. Како што пишуваат австриските медиуми, надлежните имале голем проблем кога преведувале снимени телефонски разговори и сослушувања кои често создавале недоразбирања, а подоцна придонесувале и до ослободителни пресуди или пониски казни. Затоа, по потреба хонорарно ја ангажирале Весна Д. да им преведува од српски и ромски јазик.

Според „Блиц“, Весна Д. работела како хигиеничарка во Виена и потполно била неписмена. Таа, според официјалните податоци на виенската полиција, на тој начин од 2006 до 2016 година заработила 1.163.397 евра. Дополнително, поради зголемениот обем на работата на полицијата, тие хонорарно го ангажирале и нејзиниот невработен син Драган, кој за шест години заработил 740.176 евра.

Австриските медиуми пишуваат дека единствениот збор со кој споменатите преведувачи имале проблем бил „данок“. Ниту мајката, ниту пак синот, со години не плаќале данок на заработените пари, па „колегите“ од полицијата морале да ги гонат поради негово затајување.

Според информациите познати за јавноста, Весна и Драган Д. на државата ѝ должеле 741.000 евра, па затоа минатата недела се нашле пред австрискиот суд. Постапката против Весна е одложена поради нејзина болест, а нејзиниот син Драган по советувањето со адвокат го признал делото и осуден е на четири месеци затвор и општествено корисна работа.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек