22 Мај, 2024
0.0398

ЗАРАЗЕНАТА БОЛНИЧАРКА СО КОНГО-КРИМСКА ТРЕСКА ВЛЕГУВА ВО ФАЗА КОГА СЕ ОЧЕКУВА КРВАРЕЊЕ: Од денеска го прима лекот „рибавирин“

Објавено во: Македонија 10 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Заразената болничарка со конго-кримска хеморагична треска од денеска влегува во потешка фаза на болеста во која се очекува крварење. Таа е хоспитализирана веќе неколку дена на Клиниката за инфективни болести, а веќе од денеска е одлучено да почне да прима терапија со антивирусниот лек рибавирин.

Директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ во текот на вчерашниот ден за Фактор изјави дека нивната колешка е во стабилна состојба, но дека се очекува да влезе во потешката фаза. Таа до вчера не го примаше лекот.

-Во однос на дилемите во јавноста дали требало порано да се даде лекот, не не требало. Ние се држиме до искуствата од светот и делуваме исправно со секој чекор. Колешката е во стабилна состојба, но сега влегува во фаза во која се очекува крварење. Пациентката ја гледаме под лупа, и со анализите од крвта и со клиничката слика. Одлучено е и проценето е дека денеска треба да почнеме со лекот рибавирин. Не требало порано да дава лекот, сметаме дека сме на добар пат. За жал, нема напишано во светската литература ниту е зборено, колкав е бенефитот, колкав е процентот од преживувањето на пациентот со давањето на овој лек. Станува збор за антивирусен лек и целта е да се спречи размножувањето на вирусот и да се намали неговата моќ. Овој лек може да има несакани ефекти и затоа во нашето лекување се вклучени хематолог и трансфузиолог, потенцираше во изјавата за медиумите д-р Стевановиќ.

Што се однесува до првата пациентката заразена со конго-кримска хеморагична треска и која почина, д-р Стевановиќ рече дека таа починала само неколку часа откако била примена на Клиниката за инфективни болести.

-Пациентката од Штип беше дијагностицирана и почината во неколку часа и не можела да биде спасена со лекот дури и да сме го имале на располагање, истакна директорката на Клиниката за инфективни болести.

Инаку, рибавирин е антивирусен лек кој е ефикасен против голем број ДНК и РНК вируси, вклучувајќи херпес вируси, респираторен синцицијален вирус, вируси кои предизвикуваат хепатитис, како и треската Ласа. Се користи со инхалација, орално или интравенозно-инјекции. Можни несакани ефекти се: отежнато дишење, бактериска пневмонија и пневмоторакс.

А. Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази