19 Мај, 2024
0.0268

Започна поделбата на дивидендите, кои компании го најавија тоа досега?

Објавено во: Финансии 24 Април, 2018

Добивај вести на Viber


ТТК Банка води на листата на акционерски друштва што ќе делат дивиденда годинава, како што е објавено во нивните дивидендни календари.

Досега осум компании што котираат на Македонската берза ги објавија своите дивидендни календари или објавите за акционерски собранија каде што се наведени предлозите за износот на дивидендата. 

Според дивидендниот принос, после ТТК Банка доаѓа акцијата на Реплек, за којашто дивидендата е 4444 денари во бруто износ, или 8,1% кога ќе се подели оваа сума со цената на тргување последниот ден од 2017 година. Според дивидендниот принос, следат акциите на Македонски Телеком (6,7%), Комерцијална банка (6,5%), Тетекс (6,3%), Македонијатурист (5%), Македонија осигурување (4,9%) и Алкалоид (3,6%).

Дивидендата што ќе ја подели Македонски телеком е во износ од 18,37 денари по акција, бруто, односно околу 1,59 милијарди денари вкупно распределена добивка од 2017 годинам што е 18,37% од номиналната цена на акцијата, од 100 денари, додека пак, дивидендниот принос на оваа акција е 6,7%, според последната цена од 2017 година што изнесувала 275 денари. Деновиве цената на оваа акција се движи околу 280 денари. Најнизок е овој однос кај дивидендата по акција на текстилната фабрика Тетекс, од 3,8%, со оглед дека дивидендата е 122 денари по акција, а номиналната цена е 51 евро, или околу 3144 денари. Дивидендниот принос кај акцијата на Тетекс пак, е 6,5%, со оглед на цената од 1950 денари на последниот ден од тргувањето во 2017 година. Тетекс ќе подели вкупно добивка од 50,6 милиони денари – дел од ланската добивка плус акумулиран профит од 2012 година наваму.



Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат