Замрзнат новооткриениот имот на Никола Груевски
Објавено во: Македонија 18 Април, 2021
Кривичниот суд го замрзнал новооткриениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски од два станови и плац на Водно од 3.000 метри квадратни, како дел од истрагата на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за ДСК.мк вели дека имото не фигурира на името на Груевски, кој во моментов е политички азилант во Унгарија, но сознанијата говорат дека суштински е негов.
Во овој правец оди и тоа што никој не поднел жалба на замрзнувањето на имотот. Еден од становите бил на име на извесна секретарка, а другиот се водел како сопственост на фирма.