06 Мај, 2024
0.0237

ЗАКАНИ ЗА МОЛДАВИЈА: На Лавров не му се допаѓа Маја Санду, иста била како Зеленски

Објавено во: Свет 02 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Молдавија може да е следна, вели рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров. 

Тој повторно индиректно им се закани на властите во Кишињев дека Молдавија може да ја следи Украина. Информацијата ја објави „Романија журнал“, повикувајќи се на молдавската телевизија ТВР.

Вели дека претседателката на Молдавија – Маја Санду го има истото однесување како она на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред почетокот на војната.

„Сега се размислува за оваа улога на Молдавија. Пред сè, затоа што успеаја да стават претседател на чело на државата преку многу специфични методи – далеку од тоа да биде слободно и демократски избрана. Оваа претседателка сака земјата да влезе во НАТО, има романско државјанство, подготвена е да се обедини со Романија“, вели Сергеј Лавров.

Санду е проевропска политичарка. Таа е на функција од крајот на 2020 година. Санду минатиот месец рече дека „Русија мора да биде запрена“, како и „да и се помогне на Украина да победи во оваа војна“.

Модлавија бараше системи за противвоздушна одбрана. Властите лани објавија дека Русија ќе ги нападне, само е прашање на време. Според нив, оваа година можно е Русија да почне инвазија на Молдавија. 

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников претходно изјави дека Русија подготвува нова офанзива и таа може да започне веќе на 24 февруари.

Можеби ќе ве интересира

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина