03 Мај, 2024
0.0272

Алармантен бројот и на суспектните на ковид: Тешко до термин за ПЦР-тест и за оние кои имаат симптоми и оние кои биле во контакт со заразен

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Бројот на позитивните на корона вирусот два дена по ред е над 800, но тоа што посебно ги загрижува матичните лекари е дека имаат многу повеќе пациенти кои покажуваат симптоми на ковид, но никако не можат да им закажат термин за тестирање во државните лаборатории. Велат дека и покрај зголемувањата на тестирањата на дневно ниво кои ги најавија здравствените власти, термин на одреден пациент може да се закаже дури по 4-5 дена.

-Ова е сериозен проблем. Пациентот кој има температура, кашла, се задишува треба да биде тестиран најмногу за ден-два. Но, едноставно нема термини. Најрано можам да му закажам за пет дена, а верувајте, ако е позитивен на вирусот, за тие пет дена некои може да развијат многу потешка клиничка слика, иако ние како матични лекари даваме и терапија, во ниту еден момент не ги оставаме туку така. Сметам дека и покрај дополнителните лаборатории, во Козле на пример, или дополнителниот пункт во Институтот за јавно здравје, бројот на пациенти кои сега ги имаме е многу поголем од предвидените 2000 тестирања дневно во јавните здравствени установи. Нивната бројка е повеќе од алармантна, зошто кај нас секој втор пациент или бил во контакт со заразен или ги има симптомите, велат од неколку матични лекари со кои разговараше Фактор.

Тие јасно посочуваат дека не гледаат вина во здравствените власти, особено што навистина сметаа дека ќе има подобрување во однос на слободни терминини за ПЦР-тестирања со зголемувањата на бројот на 2000 дневно, но како што велат, алармантно загрижува огромниот број на пациенти со такви симптоми.

-Тоа значи дека вирусот е раширен неконтролирано и единствено што советуваме, особено на нашите повозрасни пациенти, колку што можат да не излегуваат од дома, а ако имаат потреба тоа да го направат, задолжително да ги почитуваат сите мерки на заштита. Да не се задржуваат никаде подолго, во маркетите, на пазар, во банки, секаде каде што концентрацијата на луѓе е поголема, велат матичните лекари.

Како друг сериозен проблем, тие го нагласуваат тоа што дел од пациентите никако не влегуваат во алгоритмот за тестирање, а нивната клиничка слика барем со еден симптом упатува на вирусот.

-Исплашени се, нормално. Немаат сите пари приватно да се тестираат. А верувајте, на дел од нив кои можеа да отидат во некоја од приватните лаборатории, тестовите им беа позитивни на Ковид-19, но, за жал алгоритмот за тестирање во јавните здравствени установи, упорно ги исфрлаше од системот. Имаме и такви пациенти, кои поради предолго чекање за тестирање, завршија и во ГОБ „8 Септември“ и на Клиниката за инфективни болести, и тоа со навистина многу тешка форма на болеста, појаснуваат лекарите по општа медицина.

Инаку, од пред неколку дена во Институтот за јавно здравје покрај постојното приемно одделение функционира уште едно одделение за прием, со лаборант и администратор со што е забрзана процедурата за земање тестови за Ковид-19. Пунктот работи секој ден од 7.30 до 14 часот за земање брисеви а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите. Од Институтот информираа дека со отворањето на новиот пункт ќе се зголеми бројот на тестирања на дневно ниво и е предвидено дневно да се вршат до 1000 тестови, што е за околу 150 тестови повеќе во однос на досегашните.  Институтот располага со доволен број тестови за Ковид-19. Епидемиолошката служба е ангажирана во две смени, и се креирани и дополнителни термини за тестирање во системот МојТермин. Освен тоа, како што беше соопштено до страна на Министерството за здравство, предвидено е да се обезбедат вкупно 350 дополнителни тестови, по 100 на дневно ниво во Центарот за јавно здравје и во лабораторијата во Козле, како и споменатите 150 во Институтот за јавно здравје. Со овие дополнителни тестови, капацитетот на тестирање и достигнува дневна бројка и до 2000 тестирања во јавните здравствени установи.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?